Ги покажа стомачните- Тамара шерна слика од теретана, вака никогаш не изгледала (ФОТО)

0

Тамара Тодевска има испеано мнпгу песни, но една од нив за која кажа дека пее за нејзините поранешни љубвои е По-рок.

– Тоа е песна за моите младешки врски и љубови. За тоа кога некој го сакаш и уживаш во секој момент а знаеш дека врската не оди никаде и знаеш дека срцето ќе ти биде скрш ено.

Веднаш кликнаа младите девојки секако, ми пишуваат во пораки и во коментари . Среќна сум што речиси сите песни ми се од некои мои искуства и публиката тоа го препознава како искрено раскажана приказна.

На тој проект сун особено горда. Бескрајно сум му благодарна на Лазе Цветковски за соработката.

Мислам дека направивме баш добар летен хит а Тајзи напиша текст од кој боли глава. Навистина тимски го обработивме целиот проект а мило ми беше што овој пат бев вклучена и во креирање на музиката и аранжманот.

Ќе следуваат уште многу добри хитови!“, рекла Тамара.

Во врска со својот карактер, темперамент и созревањето по многуте убави и неубави нешта кои ѝ се случија изминатиов период, за нештата кои ги сака и не ги сака кај себеси, таа вели дека денес е многу среќна и исполнета жена.

-Јас созреав и сега сакам сè кај себе. Искрено ниту една ѕвезда на македонската естрада не била толку под лупа од детство до денес.

И моите маани вие новинарите без да ме штедите ги кажувавте така да јас извлеков поуки и денес сум многу среќна и горда на себеси, каква жена, и мајкасум.

Затоа ништо не ми паѓа тешко и уживам, но и многу сум благодарна на привилегијата да бидам толку години присутна и успешна во тоа што јас сакам да го правам“,

Ова го рекла гордата мајка на Хана и на Дарен. Таа има оригинален израз за своите најмили.

-Моето семејство е суперкул. Некако мислам дека само јас сум со традиционален кодекс на мајка заштитничка“, изјавила Тамара која минатата година објавил дека се разведува од сопругот Мачка.

Познато е дека Тамара Тодевска во последно време изгледа супер, тоест има доста намалено на тежина и редовноп вежба, а во една прилика има зборувано на оваа тема:

– Постојано сум на некаков режим, па слабеам, па сите се нешто запрепастени и на првата пауза повторно се препуштам на убавиот живот полн со калории.

Ја немам дисциплината на другарка ми Катарина Ивановска која буквално пази на секој оброк и вежба секојдневно. Јас сум баш од оние кои се среќни најдени, но се среќни и кога се само еден килограм ослабени.

Хаха, се шегувам, морам да признаам- вежбам секојдневно, имам и личен тренер Мартин Видоевски, трчам на кеј, одам на Водно и секако, концертите и фактот дека првпат по подолг период ќе се сретнам со мојата публика се голем мотив и сакам да сум им убава и згодна“, рекла Тамара во Женски магазин.

Таа сега шерна една слика од теретана и на неа ги покажа стомачните мускули иизгледа топ. На сликата, Тамара како да е друга личност и ич не личи на себе од нејзините почетоци.

Претходна статијаИзгледа како млада невеста, а не како мајка на 24 годишна ќерка- ова е најпосебната слика на Светлана Црнокрак
Следна статијаАнтонио Милошоски правеше палачинки и откри која е најважната состојка (ВИДЕО)