Генерациите 60′, 70′ и ’80 ќе се потсетат со носталгија – Перо Камиказа објасни што се случувало пред „Чичко Стоилко“ и „Ванила“

0

Статус на Петар Герогиевски -Камиказа: ПРЕД ВАНИЛА:(писано 2016)

„За младите генерации што не знаат, ова беше местото од кај што тргаше се што е поврзано со забавата во тогашно Скопје.

После часови од гимназија се идеше пред Ванила и се договараа сите активности за у диско, за у Дом на млади, за идење на Водно со украдените коли од татковците или за трки со мотори (велосипеди со помошен мотор – пони експрес).

Се случуваа и првите љубовни приказни, по некоја тепачка за ништо или за некоја девојка и уште еден куп работи кои нас во тоа време ни изгледаа како многу важни.

Многу од бендовите кои во тоа време постоеја беа формирани, расформирани и реформирани токму тука, пред Ванила.

Секој од различна интересна група имаше различно место на стоење и различно понашање за прием на нови муабетџии во друштвото (тоа требаше да се заслужи, иначе те ставаа на игноре).

Заедничко на сите беше што јадеа сендвич со плескавица и црвен пипер од кај Чичко Стоилко, без разлика дали беа панкери, шминкери, сеирџии, шмизли, нормални женски, рокерки итн…

И сега ќе прашате: Што Ванила? Во самиот ресторан за самоуслуга имаше најубава пица и уште по некој интересен конфекциски производ од тесто и слатко. Као рецимо еклер, грклан итн..

Но тоа беа ретко моменти кога имавме пари за така голема “гозба”. Чицко Стоилко беше редовна “исхрана”.

Делењето на маала беше исто интересна појава и тоа обично за мерење на физичката сила. Мене лично, како птица селица, тогаш ме интересираше се!

Бев радо виден во повеќе друштва, на музикантите, моторџиите, на овие од различити маала каде што упознавав еден куп на интересни девојчиња и се разбира учествував понекогаш у тие групни тепачки.

Гимназиското делење беше уште еден интересн феномен, а Јосип Броз пошто им беше најблиску го имаа централното место и беа најбројни.

Кога доаѓавме со мотрчињата, тогашната милиција обично доаѓаше на нашето купче, кај што бевме паркирани и обично по 100 пати се расправавме дали треба или не треба кацига за велосипед со помошен мотор. И така веселите и среќни денови поминуваа во заеднички дружби.

Ова чисто за потсетување, а вие продолжете таму кај што јас застанав . Наредниот пат нешто за Дом на млади. Поздрав од пред Ванила, Петар Георгиевски – Камиказа!“

Претходна статијаСузана Турунџиева се присети на cвојот упокоен татко Ваcко: Овој човек остави чист образ на своите деца (Ф0Т0)
Следна статијаЛуксузниот дуплекc на Марта и Миле Китиќ ќе ве остави подзинати: Вреден 300.000 евра, а секое катче е уредено по најнова мода (ФОТО)