Водителката Jeлена лани ја запозна својата сродна половина на плажа, а за првата средба таа кажа дека била многу интересна. Еве како се одвивала:
– Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот.
Расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот.
Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае. Но, за мене беше незаборавна авантура затоа што кога сте целосно посветени на себе, секој ден откривате нешто ново за вас и станувате сѐ посвесни за својот потенцијал.
Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше, се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент.
Два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене.
Јас често му велам – тоа беше љубов на втор поглед – хаха. Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба, се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму.
Јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ. Со секој чекор како што се приближував до масата, гласот стануваше сѐ посилен.
Јас никогаш не сум била толку збунета и возбудена во исто време. Уште истиот ден и двајцата знаевме дека тоа е тоа. Сѐ друго е историја – вели Јелена за запознавањето со Лукас во Слободен печат.
Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално“, кажа Јелена а потоа најави: Во март се селам во Солун“.
Спенџарска замина за Солун, а претходно најави работата на телевизија останува, но нема да биде секојдневна, како досега.
За својот Лукас, Спенџарска изјавила: Тој е човек што постојано ме изненадува како карактер. Егото му е спуштено на минимум и тоа е најпредизвикувачкиот дел за мене. Со тоа учам многу за себе, како да бидам подобра и каде секојдневно грешам.
Тотално небалкански менталитет, маж што знае како да се однесува со жена, многу внимава на сѐ што ќе каже, често знае да ме изненади со некоја негова идеја“, кажала Спенџарска.
Водителката е вратена сега во Скопје поради работните обврски, а на стори објави кои денови ќе ја гледаме отсега:
-Да ве поздравам и да ви посакам да си имате многу убав ден. Вообичаено зашто петок сум нa работа имам чувство дека е понеделник, колку кул е тоа.
Кога сум во понеделник на работа имам чувство дека е петок. Значи нема поубаво, напиша Јелена, која отсега знаеме кои денови ќе ја гледаме на Утринската во Канал 5.
Јелена е многу добра пријателка со инфлуенсерката Марис Џолин која моментално живее во Шведска.
Многу се зближија откога беа заедно на одмор на Сејшели, а оттогаш не се разделуваа сѐ додека Марис да се пресели во Шведска, а Спенџарска во Грција.
Многу нивни следачи ги прашуваа дали се сѐ уште блиски како порано и покрај тоа што не се гледаат, а и двете одговорија дека сѐ останало исто помеѓу нив.
Тоа го докажаа со тоа што сега Марис отиде да спие кај Јелена во станот на неколку дена, а еве со кого водителката сега го поминува времето.
И Марис и Јелена обожаваат да се фотографираат, па Јелена во доцните часови објавила стори каде таа и Марис се подготвуваат за сликање на улица.
-Ако ви кажам дека се спремаме да се сликаме надвор на улица СЕГА ќе се смеете така? Епа, се спремаме, напишала водителката.