Вера Мештеровиќ објави „бесна“ слика – еве што и прокоментира колешката Милена (ФОТО)

0

Вера Мештеровиќ остана запаметена како една најпознатите и најубави македонски манекенки, која и денеска изгледа подеднакво добро како што тоа беше случај во златните 90 – ти.

Пред неколку години, модниот ТВ-канал Fashion TV ја избра Вера за амбасадор на убавината на Балканот, а Вера на оваа тема кажа вака:

– На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па, се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности кза да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре.

Вели дека искутвото во фолклорните друштва каде што одела како тинејџерка ѝ помогнале во ова искуство, да тргне сама на пат и да го искуси целиот сјај кој трае само додека била на изборот за Мис.

-Изборот за Мис е како приказната за „Пепелашка“. Додека си таму, во фокусот на јавноста, те препознаваат, те третираат како принцеза.

Потоа, кога целиот тој гламур и сјај ќе заврши и му се враќаш на тековниот живот, никој веќе не те познава, ја нема веќе возбудата.

Сега, Вера е водителка на Утринската програма на Канал 5. И во оваа приказна, слично како и во онаа за изборот за Мис, има две страни, конкретно што се однесува до реакците на гледачите, но таа е многу среќна и исполнета со овој ангажман.

-Не може на сите да им се допаднеш. Некој не може да ти прости што си убава, на некого му пречиш на телевизија, сето тоа е нормално. Кога почнував да работам во Канал 5, прво бев на обука две недели, а потоа на програма.

И нормално е дека има секакви коментари. Знаат во живо да се јават – тргнете ја оваа од програма, или зошто е вака облечена? Но, има и доста луѓе кои позитивно и убаво реагираат.

И на едните и на другите им велам благодарам“, кажала Вера во Женски магазин.

Во едно интервју се сети на своите почетоци, кога всушност започнала да се занимава со манекенската работа, и на оваа тема таа изјави:

– Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови. Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар.

Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41.

Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…

Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели… Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос.

Нешто што прво ми падна на памет се чевлите со поширока потпетица што тогаш беа во тренд, а гледам дека и денеска се враќаат на модната сцена“; рече Вера, а потоа додаде:

– Ме исполнува мајчинството, а покрај тоа, планирам во скоро време да почнам и со некои други работни обврски.

Понекогаш, кога ќе се присетам на старите денови, ми недостасува манекенството, а особено времето на модната куќа „Систина“ и целиот тим со кој работевме таму…“, рече Вера.

Водителката Вера објавија нова слика на нејзиниот профил, каде што е сликана без блуза, само со ракавици и панталони со змиски принт. Вера на фотографијата изгледа многу заводливо и многу жени ѝ завидуваат на нејзиниот прекрасен изглед.

Вера во описот на фотографијата напишала краток текст поврзан за жените во своите зрели години:

-Жената во своите зрели години нема што и на кого да се докажува, објаснува. Таа многу добро знае што е таа, што сака, а најмногу знае што не сака.

Не се труди да биде млада, работи на себе да биде задоволна, напишала Вера, а во коментарите прво ѝ коментирала водителката Милена Антовска која е нејзина колешка ѝ напишала: „Најубава“, на што Вера вратила со неколку срциња.

А подолу можеше да се најде коментар на Мелани Тарчуловска која сега е пејачка и на Вера ѝ ставила едно емоји со срциња во очите.

Претходна статија„Mи е гајле за ќерка ми и за нејзиниот дечко“ -Мајката на Тања Савиќ „бесна“ на ќерка си поради новата врска и 11 години помладиот, Мухамед
Следна статијаДенес изгледа како дива, а немала ни пари за автобуска карта- пејачката Елена има тажна приказна