Емотивно обраќање на Горан Пандев- си кажал што му лежи на срце после осум месеци

0

Неодамна, македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи се квалификуваа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во осминафиналниот двомеч го елиминираа германскиот Бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт.

Елјиф Елмас со овој триумф стана само третиот Македонец од осамостојувањето кој успеал со својот клуб да стигне до осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување на стариот континент.

Претходно тоа им успеа само на Горан Пандев кој во два наврати со Интер, а во сезоната 2009/2010 успеа да стигне до титулата.

– Младинскиот тим на Интер беше со исклучителен квалитет. Имаше играчи како Обафеми Мартинс. Знаеме дека подоцна играше одлично за првиот тим и го освои Скудетото.

Дојдов од мала земја, од мал град како Струмица, во еден од најубавите градови во Италија како Милано. Доаѓаш во голем тим, кога Роналдо играше за Интер.

Пред тоа само го гледав на телевизија. Не можев да поверувам. На почетокот беше малку тешко, но откако го научив јазикот и се прилагодив на италијанскиот начин на живот, станав навистина среќен“, има изјавено горан Пандев во интервју за Денешен.

Тој беше во првиот тим, а ние четворица-петмина од младинската екипа повремено трениравме со првиот тим.

Подоцна имаше тешка повреда, па тренираше со нас во младинскиот тим.

Прекрасен човек. И кога имаше најмногу проблеми со повреди, секогаш беше тука да разговара со нас, да ни помагаше психички. Ми беше чест да го запознаам.

Еден од најголемите играчи во светот“, изјавил за Кристијано Роналдо Горан Пандев во истото интервју.

-Едно е кога го гледате на телевизија, сосема поинаку е кога тренирате со него. Тој правеше работи на теренот што не би знаел ни да ги објаснам.

Имаше брзина, техника… Гледаш како поминува тројца четворица играчи и не можеш да разбереш како го прави тоа“, рекол Пандев.

Во Лацио играв со Роки напред. Тој постигна многу голови на мои асистенции. Имав среќа да играм на повеќе позиции. По страна, зад шпицот, понекогаш најистурен, иако не сакав да го играм тоа.

Најмногу сакав да играм како втор шпиц. Играш зад Кавани, Игуаин… Тоа се одлични играчи кои знаат да влезат во простор. Технички беспрекорни и задоволство е да се игра со нив“, изјавил тој.

Пандев на Златна Бубамара на популарноста бил еден од оние кои земале награда, и тоа награда за трајна вредност.

Пред да се појави Гранде Пандев на сцената, Игор Џамбазов му пеел песна која е смислена специјално за него.

Публиката ептен се израдувала кога го видела Пандев, и целата сала- Борис Трајковски била станата на нозе, од почит кон познатиот спортист.

Пандев кога ја примил наградата емотивно се обратил и кажал: После толку години и јас успеав да дојдам на една ваква голема манифестација.

Адреналинот ми се врати после осум месеци пензија.

Пред толку публика стварно е прекрасно а по овие негови зборови публиката „збеснала“ уште повеќе.

Претходна статијаИгор Џамбазов на Златна Бубамара раскажал приказна за своето здравје- Ова го нема од 1993 година
Следна статијаСашо Коцев откако не се појавил на „Златна Бубамара“, ја открил вистинската приказна зошто