Живееше во Англија, се врати дома и сега роди ќерка – нашата топ манекенка има приказна за книга

0

– Убава жена никако не смее да биде „тупава“ до бол ка. Не знам колку мажите денес ги интересира мозокот и содржината на една жена, затоа што односот маж-жена стана многу тривијален, но компатибилност меѓу физикусот и сите внатрешни епитети и квалитети мора да постои, да бидат ускладени.

Не би сакала мажот да биде како жена, но мора да постои сличен сензибилитет и, пак, компатибилност – слични погледи на свет, слични афинитети“.

Ова го кажа во една прилика за Машки магазин нашата позната манеекенка Викторија Јаначковиќ, која била и кандидатка за Мис на Македонија, а инаку е стоматолог по професија.

– Видете, никогаш не сум сакала приказни за пепелашки, за принц од жаба. Мислам дека се исти приказните за оние кои од ништо станале нешто во социјалниот живот.

За еден маж да биде господин, мора да биде вклучено сѐ – од семејна генетика, преку однесување и чекорење во животот. За мене, брак не значи папирологија.

Видете ги Расел Кроу и Голди Хоун, кои немаат папирологија, а веќе 30 години се во релација.

Папирологија не ме интересира. Немам поим која е тајната затоа што не сум во брак, ниту сакам, ниту пак сум во врска.

Мене лично ми е битно да ми е пријател, а не да ме менува и да заличувам на мајка му. Немам ништо со баби додека сама не станам баба“, изјавила Јаначковиќ за овој медиум.

Таа беше една од нашите најпознати манекенки, и прва придружничка на изборот за Мис на Македонија во 1999 година. Ниту една ревија и модна кампања не поминуваше без Викторија Јаначковиќ која привлекиваше внимание каде и да се појави.

Така беше и во една пеилика кога поранешната манекенка, шеф на кабинет на еден од министрите за култура и стоматолог се појави на една забава во Скопје.

За својата манекенска кариера, за тоа зошто не ѝ успеа бракот и како ја напушти Англија, Викторија отворено зборувала во интервјуто за Женски магазин.

– Се сеќавам дека многу луѓе скокнаа зошто стоматолог во Министерство за култура. Тоа ги буни, без да го погледнат моето CV. Никогаш не бев само стоматолог. Магистрирав во областа на дипломатијата.

Работев 9 години како шеф на кабинет, и мислам дека моето долгогодишно траење во Министерство за култура кажува сѐ. Своеволно заминав, зошто исто така повеќе немав што да направам.

Ми беше изџвакана приказна. Но, имав предобро искуство кое ми помогна понатака“, изјавила Викторија.

Потоа, раскажала зошто се распаднал нејзиниот брак, и зошто откако се развела си заминала од Англија.

– Мојот брак се распадна исклучиво поради непремостиви разлики во карактерот, социјален статус, фамилијарна позадина, на што треба многу многу да се внимава. Приказни од типот, „ма само сакајте се вие и ништо друго не е битно”, се некои „Џура сик парк- фори“, кои не постојат.

За брак треба сѐ. И компромис, и исти гледишта и не претопување еден со друг и многу, многу работи кои ги немав со партнерот. Треба да има два идентитета кои растат и одат во ист правец.

Од бракот не излегов полна со го рчина, туку дувнав прашина од рамото и тргнав понатаму. Во секој случај, не така лошо искуство. Ниту во еден момент, ни пред ни по бракот не сум сонувала за странство.

Никогаш не сум имала потреба да заминам од тука. Мојот начин на живот и заработка апсолутно ги задоволуваат моите соништа.

Приказни од типот: јахти, авиони, камиони , хотели од 20.000 долари и докторски статус, се сепак за некого кој никогаш не можел.

Јас можев, но не сакав да останам во Англија. Орга нски не го поднесував нивниот систем на живеење, размислување, и 12 часовно работење во еден здив. Не гледав потреба да останам. Јас, ја сакам Македонија, мирот и нормалнио живот. Сѐ друго е веќе дежаву“, изјавила Јаначковиќ.

На социјалните мрежи, таа изненади со веста дека станала мајка. Слатката Никита е родена на 26 јануари, а Викторија вели дека само најблиските знаеле за нејзината бременост. Јаначковиќ одлучила самата да се грижи за ќерката.

– Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени.

Прескокнав дегута нтен дел со го л стомак и сликање на истиот. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува. На 26.01.2023 се роди Никита, девојче.

Многу луѓе ме прашаа „а кога се омажи по вторпат“. Мене ми е тоа смешно, затоа што хартија од тој вид не ми е доказ дека некој би бил одличен татко. Знам многу примери каде што таткото е на хартија и, за жал, само на хартија.

Не се омажив, и не планирам и тој вид на припаѓање ми е надминат. Таткото на Никита, за среќа, не е од овие простори и среќна сум поради тоа“, изјавила Викторија неодамна во Слободен печат.

Претходна статијаСилви од „Силви бенд“, емотивно се присети на својата мајка, овој доктор од Скопје многу и помогнал
Следна статијаКаролина искрено кажа на што најмногу ги троши парите и што ѝ фали во животот