Живееле често под кирија, долго време им требало да дојдат до сопствен дом- Кате од „Нели ти реков“ ја раскажа својата животна приказна

0

Катерина Танева Ѓорѓиев, во јавноста позната како Кате од ,,Нели ти реков” повеќе од три децении е синоним за одмереност, скромност и неверојатен глас на сцената.

Убавата кавадарчанка веќе долги години со семејството живее во Скопје, ја освои јавноста со евергринот ,,Запри дожду” кој го отпеа на фолк фестивалот Валандово уште во деведесеттите години на минатиот век“, објави Фокус во една прилика.

За ,,Фокус” Танева открива која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на ,,Нели ти реков” со кои биле како семејство, во добро и во лошо.

-,,Нели ти реков,, е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера, па токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.

Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите, секојдневните настани, заедно се радувала на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.

Со членовите имаме цела ризница од спомени, оставивме белег на македонската фолк сцена“, рекла Кате за Фокус минатата година.

Изминатиот период сум актуелна со настапите со колегата Јовица Мирчевски, имаме редовни ангажмани во локал во Скопје, некако се склопија коцките, вокалите ни се усогласени.

Репертоарот е тој, песни за душа, секогаш отпеани од срце, и публиката знае да ја препознае искрената емоција која доаѓа од уметникот – раскажува Танева.

Освен по песната, кавадарчанката Танева беше препознатлива и по својата природна убавина, а споредено со денес, за Кате како времето да застанало.

Доколку ги споредите фотографиите од некогаш и сега, пејачката се уште плени со својот шарм, широка насмевка од блесаквото лице.

Кате по потекло е од Ваташа и во една прилика, кога гостуваше во емисијата „Возење во Вучиќ“, кај нашиот познат музичар и водител, за жал упокоениот Драгам Вучиќ таа раскажа доста за неа.

Кате рече дека тоа место е споено со Кавадарци, околу еден километар од овој град. „Родена сум во Каварадрци, а порасната сум во Ваташа.

Основното училиште го завршив во Ваташа, средното училиште во Кавадарци, во гимназија.. Потоа почнав да се бавам со пеење со колегите, и факултет не завршив.

Имав многу работа. И сега кога им велам на децата- учете, средно е како да немаш ни основно, сите во денешно време докторираат, магистрираат…

Они ми викаат: Зошти ти не суи завршила? Им викам- за мојата работа не треба факултет. Треба глас“, изјави Кате, а пото раскажа еден важен дел од нејзината животна приказна.

– Во Скопје сум од 1998 година. На почетокот бевме под кирија, па потоа во стан, па пак под кирија додека се градеше куќата, и сега сме од 2002 година во населба Припор, во сопствена куќа.

Во почетокот ми беше поубаво, зашто со помалку куќи беше населена населбата, сега има и згради доста и куќи, малку е погужва“, рече Кате во оваа емисија.

Претходна статијаЈордан Митев кажа: Не сум научен на луксуз, не е се во парите и објави убави вести поврзани со Швајцарија
Следна статијаДодека беше женет се вљуби во Мисица- таа долго криеше дека се во врска, а кога жена му дозна, се случи ова: Бурниот живот на Мишо Ковач