Поради нејзиниот шарм, но и глас и способност да го забавува народот- многумина ја сакаат пејачката Стојне Николова, која важи за скромна девојка.
Убавата Стојне во една прилика има кажано дека сака исклучиво да ја познаваат по нејзините настапи и песните.
За приватниот живот на атрактивната струмичанка речиси ништо да не се знае, зашто и самата умешно успеваше да ја сокрие приватноста.
Стојне за естрадниот магазин Естрада плус откри дека за скоро време ќе следува уште еден голем проект кој што ќе биде во соработка со врвни музичари.
-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно.
Засега нема да откријам многу детали бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала.
Можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме.
Фолк пејачката Стојне Николова важи за скромна девојка, која сака исклучиво да ја познаваат по нејзините настапи и песните.
За приватниот живот на атрактивната струмичанка речиси ништо да не се знае, зашто и самата умешно успеваше да ја сокрие интимата.
Стојне ја поврзуваа со нашиот познат музичар Бобан Мојовски- Мојсо, тоест се зборуваше дека оваа наша пејачка е во љубовна врска со својот колега.
За естрадниот магазин Бекстејџ, во една прилика, таа ја раскажа целата приказна и детално објасни како се поврзани.
– Многу од пејачките ги поврзуваат со менаџерите, со продуцентите, со нивните колеги, н не мора секогаш тоа да е така. Но, што е тука е , ние сме јавни личности, мораме да се носиме со нашата професија, на тоа сме се одлучиле, тоа го сакаме да го работиме…
Некогаш дури и не ни е пријатно да слушнеме такви работи, поготово кога тоа е невистина нели“, рече Стојне за Мојсо и додаде:
Ние првенствено сме правно споени, јас сум екслузивец во продукцијата на мојот колега, во Мојсовски продукција.
Потоа сме поврзани и морално. Многу ја почитувам и во оваа прилика ќе ја поздравам и неговата прекрасна сопруга Билјана. Имаме прекрасен однос, многу поддршка добивам од нејзе, секако и од целата негова фамилија, фамилијата на Бобан.
Сопругата на Бобан не познава нас двајца, знае ние како функционираме, исто и моите знаат како функционираме и дека сме многу блиски.
Јас можам буквално да кажам дека Бобан и неговата сопруга се мојата втора фамилија“, кажа Стојне, со што ги демантираше таквите гласини.
На профилот кај овој музичар се појави заедничка слика со Стојне, на која се гледа дека тие заедно патуваат, и тоа за Германија, во Дизелдорф.
Сепак, Стојне и Бобан не се сами на оваа слика, со нив е и нивниот колега Цаки од групата Кисми, а тројцата заедно биле на настап во Германија.