Нашиот пејач од Битола, Димитар Андоновски, кариерата ја започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција.
Секогаш скромен и ненаметлив во јавноста, битолчанецот музичката кариера ја градеше чекор по чекор, а денес е еден од најангажираните наши поп-пејачи.
Тој е инаку сега и менаџер на еден познат ноќен клуб во Битола, и таму доаѓаат многу ѕвезди од Македонија, како и од екс Ју просторите.
Димитар како мал има останато без татко, а тоа го зборувал во едно интервју за Женски магазин каде што рекол: Загубата на мојот татко беше голема загуба на моето семејство.
Јас бев дете и нормално ми беше многу тешко затоа што чувствував голема потреба за неговото присуство.
Но, благодарен и сум на мојата мајка Гордана којашто се постави како столб на семејството и во различни ситуации беше и татко и мајка.
Таа не научи како да се бориме во животот и не воспита во луѓе со коишто верувам дека се гордее денес. Таа за мене е жена која е најголемиот борец што го познавам и човек од кој сум научил многу животни работи“.
Покрај тоа што песната „Ова небо знае се“ е посветена на мојот татко таа песна исто така е посветена и на сите оние коишто физички ни фалат на земјата, но сигурен сум дека од горе не гледаат и се радуваат и тагуваат заедно со нас.
Им благодарам на Лазар и на Магдалена што ја создадоа оваа песна затоа што знам дека и нив им е подеднакво драга како и на мене“, рекол Димитар.
Едно од најспектакуларните запросувања кај нас го направи токму тој- Димитар.
Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред неполни осум години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.
„Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа“, изјави Димитар за својата Христина.
Во една од своите објави, тој ѝ го честита роденденот на својата сакана со многу љубов. „Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов.
Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“.
Ретко кој отворено ги искажува чувствата како нашиот познат пејач, и затоа многу пријатели на Фејсбук му честитаа за овие зборови, како и роденденот на неговата сопруга.
-Благодарение на кара нтинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот.
Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат:
“Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине“,изјави Димитар во интервју за ММС за време на пандемијата.
Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна. На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар.
Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил. А, во јануари во 2022 година, Димитар повторно стана татко.
Димитрар и неговата сопруга Христина станаа родители на машко дете, а синот Михаил си доби братче. Андоновски избрале убаво име за бебето, Гаврил. Името е со еврејско потекло. Значење на името е: Господ е мојата сила.
– Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син.
Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот“, напиша Димитар на Фејсбук.
А сега, неговиот син Михаил полни 6 години, и гордиот татко и романтичен сопруг, тоа го објави на Фејсбук и напиша вака: Мојот Михаил денес полни 6 години. Да си ми жив и здрав сине мој“, стои во објавата на Димитар.