Среќен ден за Ноне, насмеана и среќна во машко друштво (ФОТО)

0

Ноне Неделовска одамна не е актуелна со нвоа музика, ама за неа често се зборува и се спишува, но таа често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне неодамна која е на уште едно патување со брод каде што работи.

Таа често знае да објави слики од местата каде што патува и ужива, и да добие разни коментари од нејзините познати и непознати пријатели:

– Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До една слика, Ноне порача: „Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

Ноне изгледа дека се навикнала на потопла клима која ѝ недостасува, па кога беше на одмор дома во Велес реши да си направи плажа по дома, и да го искористи сонцето.

Таа си објави стори како се сонча и си пие кафе. На сториото Ноне го покажа и миленик како си игра.

На шолјата од кафето, е напишана оптимистична порака што Ноне ја сподели со своите следбеници: Се ќе биде во ред!

Во една прилика, шармантната Ноне објваи ново стори како пие коктел, но во интересно машко друштво.

-Значи коктелов е предобар, како се вика? “, го прашува Ноне мажот до неа. „Како што го кристил кумот“, одговара тој.

Ноне и дечкото до неа изгледаа многу блиски, а времето ќе покаже дали биле повеќе од пријатели.

Ноне на едно од поновите сториња е сликана насмеана и среќна во друштво на Александар.

На сторито кратко пишува: Среќна среда, но нашата пејачка целата блеска, и да се надеваме дека на Ноне сите денови ѝ се вака среќни, а не само среда.

Претходна статијаД-р Никола Пановски со совет за сите жени- кажа како да го најдат идеалниот маж
Следна статијаТијана ја кажа вистината за приказната околу разводот со Милан- искрена како и секогаш