Спасе од Сител објави слика со Лила од пред многу години – еве како изгледале (ФОТО)

0

Спасе Јовановски и Лила Стојановска се колеги и многу добри пријатели, речиси неразделни.

Една своја искрена приказна раскажал Спасе на Фејсбук, по настан на кој бил, и се однесува на тоа какви се луѓето со него, тоест како се однесуваат со него:

– Вчера естрадниот магазин „БЕКСТЕЈЏ” го прослави својот 15 роденден. Сите собрани на куп, убава забава, награди, дотерани, недотерани и секако КИЏЕРАЈ! Тоа е веќе стандард за било која прослава кај нас. НО!

Јас забележав нешто друго… Меѓу присутните беа и оние кои ПРВ ПАТ моите очи низ златните “Cartier” ги здогледаа.

Оние силните на тастатура и бацање хејт, што на инста што на твитер а и на фб, а кога ги здогледав ШУШУМИГИТЕ во живо не знаеа на која страна да се свртат!

Доволно беше само што накосо ги погледнав, и им дадов на знаење дека се обични сиротињи. Затоа што не вредат зборови а камоли нешто друго да се превземе. Умислени, а небитни пацови!

Па едно време си викам, и ја да бев на нивно место можеби ќе бацав хејт! Момак висок 190! Талентиран! Успешен! Забавен! Обожаван од многу! Работи на НАЈГЛЕДАНА ТВ во МК!

Најдобра другарка му е најголемата во МК! Секогаш дотеран! Секогаш намирисан! По неколку пати годишно оди на патувања во ЕКСТРА ЛУКС ХОТЕЛИ… Психолозите велат:

Фрустрираноста, потекнува од чувство на несигурност и небездедност што произлегува од чувство на неможност за исполнување на потребите! А јас за крај ќе кажам…

„Радујте се душе, ситне продане. Од исте сте р’џе сковане!” НАЗДРАВЈЕ!

Потоа Спасе раскажа дека кога нема обврски, кај него во соба е темно и се буди дури напладне. Исто така раскажа и со што друго се занимава кога нема обврски во ТВ Сител, со временската прогноза.

– Покрај обрвските во „Сител“ со временската прогноза, јас стојам како извршен продуцент на Инстаграм профилот на мојата блиска другарка Лила Филиповска.

Таму сум задолжен за фотографиите, видеата, локациите каде што ќе бидат снимани тие материјали, претходно секако состаноци со клиентите за кои работиме“, рече Спасе.

Спасе патува на многу дестинации заедно со Лила, а минатото лето тие заминаа за Турција, осносно Бодрум.

Трет одмор по ред годинава… Нека се множат! По друм, по друм, одиме во БОДРУМ!“, порача тој на Фејсбук.

Се гледа дека презентерот ужива со стил во турското летувалиште, и тој објави слики во базен, со поглед на море и ја цитираше познатата песна од Пепи Бафтировски која вели:

-Еј ридови, сини мориња, сам ќе морам да ве пробијам…

Спасе во една прилика истакна како се запознале со Лила:

-Лила сакаше да ме истепа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разулавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна… Во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.

Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Спасе неодамна објави слика со неговата најдобра пријателка Лила, од пред 13 години, на која тој да не напишеше дека сликата е толку стара, немаше да се забележи, бидејќи Спасе и Лила останале млади, на што Спасе потврди и во описот на фотографијата напиша:

-Преубави бевме и останавме.

Фотографијата може да ја погледнете подолу, а Лила на неа посебно воопшто не е променета до денес:

Претходна статијаЈордан Митев се отвори за љубовта со својата Славица: Кој друг би ме трпел освен жена ми
Следна статијаСе огласи Марта, девојката на Стефан Лазаров по се што му се случи деновиве на познатиот јутјубер