Росана, бившата на Коки изгледа топ и живот си живее- еве што прави сега (ФОТО)

0

Росана Петревска, која порано беше портпаролаката ан АМСМ важи за убава и средена жена која многу внимава на својот изглед. Таа беше во брак со виолинистот Никола Јанков- Коки и ја имаат убавата ќррка Лара.

-Ако му веруваме на Алисон Лури, автор на “Јазикот на облеката” кој вели: „Уште пред дa ти пријдам, те знам. Ми зборуваш со својата гардероба-што работиш, од каде доаѓаш, каков си како личност, кои се твоите ставови, кој е твојот вкус, во какво расположение си.

Уште пред да се запознаеме, ние веќе сме зборувале на универзалниот јазик на облеката”, проценив дека сакам да наметнам еден нов стил на деловен изглед и ценев дека тоа што ме отсликува како карактер е токму преку креациите на Росица Мршиќ.

Ги сакам македонските дизајнери и ѝ се воодушевувам на Росица, а таа знае што одговара на мојот сензибилитет и начинот на кој професионално функционирам, така што умее преку облеката да го извади најдоброто од мене.

Многу одамна моето прво парче дизајнирана облека од мк креатор беше токму фустан за една свечена пригода и од тогаш ја следам Росица и се воодушевувам на нејзините креации, така што и соработката токму со неа не беше случајна.

Најважна ми е женственоста, но исто така најважно ми е средена и чиста коса, нокти, карминче и негувана кожа-лице! Ценам дека покрај надворешниот изглед секоја дама/жена треба да ја негува и своја внатрешна убавина“, рече Росана во интервју за Точка, а потоа ја искоментира својата работа.

-Гледам и следам сè што се случува во фелата, но не само кај моите колеги, туку генерално во медиумите, јавните личности и сè што е поврзано со јавност.

За мене е многу важно гласноговорникот да даде јасна, концизна, кратка порака до јавноста и да не нè дефокусира од клучната поента или порака, но не е дозволиво истиот да не е соодветно стокмен, без разлика на кој пол припаѓа, бидејќи кога се има јавна професија, самата налага постојано да се грижиш за својот изглед.

многу време посветувам и на тоа како ќе се претставам, затоа што при комуникација со јавноста не се праќа само вербална туку се праќа и невербална порака.

Во моето 15-годишно искуство во односите со јавност, а со голема обрвска да се одржам како најдобра ПР од МК (Загреб, 2015 г.)

Ценам дека преку мојата професионалност ги учам младите дека во оваа професија ништо не е случајно“, додаде таа.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара минатата година патуваше низ Европа.

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик.

– Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате.

Вистинската женска убавина се гледа од сјајот во очите, од ставот и држењето на телото, од начинот на кој гестикулирате и начинот на кој зборувате“, рекла Росана за Независен.мк кој го објави овој текст за неа.

За Росана сега откако не е веќе со Коки, не се знае многу во јавноста, но она што се знае дека супер си го живее животот, барем судејќи по сликите што од време на време се појавуваат од неа на социјалните мрежи.

Таа има објавено една убава слика од неа на снег, на планина, и се гледа дека одлично изгледа, и ужива во животот максимално.

Претходна статијаВистинска убавица е ќерката на Црнокрак, гордиот татко се пофали со важна слика (ФОТО)
Следна статијаЕве како сега изгледа куќата во која се снимаа Македонските народни приказни, која тајна ја крие и зошто е толку посебна