-Ние бевме неколку манекени и десетина манекенки. Буквално сите модни ревии кои се организираа во Македонија, ние бевме на нив. Сите не знаеја по име и презиме, за разлика од сега.
Ова го изјави минатата година Мики Црнокрак гостуваше во видео интервју за Репортер.мк каде што изнесе детали од својот приватен живот. Тој рече дека со манекенството се занимава повеќе од 30 години.
Никој не прашуваше колку е хонорарот, никој не кажуваше не ми е добро, болен сум, не можам. Ние сите едвај чекавме да не повика Марио Љ. на модна ревија, каде и да е во Македонија.
Се снаоѓавме сами, со коли приватни, позајмени, без дозволи сме возеле, во секакви временски услови, али ни било мерак, стварно сме го работеле тоа.
-Сега има повеќе убави, згодни како и девојки така и дечки нормално, но се помалку има културни воспитани.. Навистина имаме голем проблем, како доаѓаат новиве генерации, навистина има недостаток на домашно воспитување, на основа култура.
И многу ни е тешко да се разбереме со нив. Воопшто немаат почит према нас, према нашата работа. Ќе дојдат во агенција, малецки со 12-13 години, ќе израснат кај нас.
Вложуваш во нив и труд и пари и се, за кога ќе пораснат да се ти се врати, да заработиш од нив. Нормално, таа е работата, ние живееме од нив, од процентот кој го добивавме од нив.
Меѓутоа, они ќе се осетат како да се големи, а далеку од тоа дека се они големи, на некој начин го вртат грбот и праат работи кои апсолутно врска немаат со тоа што треба да го напраат“, изјавил Црнокрак. Потоа, ја раскажал приказната за неговото презиме.
– Приказната за моето презиме е многу едноставна. Татко ми е од Далмација и он е дете на мешан брак. Татко му е Србин, мајка му Хрватица и презимето е изворно од таму кај што се родени“, рекол за Репортер тој.
Мики Црнокрак беше дел од емисијат на Жешко Столче, каде што всушност прашањата не му ги поставуваат, туку тој самиот ги чита и одговара…
Ти воопшто не старееш, можеби опкружувањето не ти го дозволува тоа..
-Па, тука има неколку фактори, нели под број 1 се гените, понатаму здравиот живот, здравата исхрана, спортување, 4 или 5 пати неделно обавезно.
Па и опкружувањето нели, таква ни е работата што мораме секогаш да сме стокмени и да сме скоцкани, каде и да сме и што и да правиме“, изјавил тој.
Што треба да поседува една девојка за да биде топ модел?
-Една девојка за да биде топ модел не е доволно само да биде згодна и убава.
Нели, згодна и убава, тоа е под обавезно, нели да има одредена линија, висина, убавина, но сепак сега се бара комплетна убавина, што значи надворешната убавина да биде дополнета со она што произлегува внатре, значи интелигенција, шарм, харизма…
Дали манекенството кај нас е добро платена професија?
-За жал, не како што и буквално се’ во Македонија, не е платено колку што треба. Ние да ја работиме оваа работа во Италија или во Америка или во Азија би биле милионери секако, и би заработувале илјадници долари,
евра или што и да е, но јас мислам дека за овие услови и стандарди кои ги имаме тука во Македонија, мислам дека и вистински професионален модел може да заработува солидно.
Вистина ли е дека ти многу малку ги плаќаш твоите модели?
-Впрочем, многу малку моите модели мене ме плаќаат во модното студио Црнокрак. Бидејќи знаеме, ние живееме од тој процент од нашите модели и фактички клиентите се тие кои навистина малку ги плаќаат нашите услуги, така да дали јас малку ги плаќам моделите.
Тие што вистински професионално работат, имаат солидни примања и солидно ги плаќаме за овие услуги, така да тие што ни се жалат може слободно да ни се обратат, ќе им објасниме, изјави Мики Црнокрак.
Познато е дека тој е татко на две ќерки Моника и Нина, и е во брак со убавата Светлана Црнокарк. Постарата ќерка Моника, тргна по стапките на мајка си која беше познат модел.
Таа веќе има освоено доста награди и титули за убавина, а сега е сликана со својот татко во Либан. Моника е многу убава девојка, и се гледа дека има големи шанси да ја наследи својата мајка, и татко секако во модниот свет.