Таа е една од нашите најпознаи новинарки, а станува збор за Наташа Меросвска, која е уредничка на бизнис вестите на ТВ „Сител“ и долги години познато лице на ТВ екраните.
Минатата година, еден од колегите на Мерсовска од ТВ Сител, Зоран Јаневски, објавил заедничка слика со познатата новинарка и со екишата од Сител, која ептен сложно се држи.
Според Мерсовска, кога двајца партнери се одлучуваат на заеднички живот и планираат дете, нормално е тие да се грижат за него, да не чекаат помош од други.
Таа вели дека генерациската разлика со родителите знае да доведе до непотребен конфликт и нервоза.
Во ноември во 2018 година, таа и нејзиниот сопруг Александар Ристовски ја добија ќерката Каја. Убавата вест, Мерсовска, ја објави на својот Фејсбук профил тогаш со овие зборови:
„Каја си дојде дома. Голема благодарност до доткор Александар Бојаџиев кој се погрижи на свет да ја донесам мојата лепотица и покрај ризич ната бременост и доктор Лазар Чадиевски, задолжен крвната слика да е во ред.
Без поддршката и советите од вас, оптимизмот немаше да биде присутен“, напиша Мерсовска на својот Фејсбук профил.
Потоа, во Женски магазин Мерсовска раскажала окоу бременоста и ќерката.
– Веднаш штом дознав дека сум бремена заминав во Битола, за да им ја кажам на родителите убавата вест. Но, дента пред да се вратам во Скопје обилно ме хоспитал изираа во болница неколку дена.
Ми беше строго забрането движење. По два месеци се вратив во Скопје, каде што ми ја водеа бременоста и продолжив со контролите.
Имам и вродена тром боцито пенија, односно помалку тром боцити од нормално,“, рече Мерсовска, а сега на среќа сето ова е зад неа.
– Наследила гени и од едниот и од другиот. Има сини очи како татко ѝ( се надевам дека нема да и се променат), формата е како моите. Кога ќе се налути го собира челото и тогаш е иста како Александар.
Формата на лицето, носот и устата мислам дека ги наследи од мене. Најважно е да биде здрава, своја , паметна и секако да личи на мама“, хахаха.
Она што таа и сопругот најмногу го посакуваат е Каја да прерасне во одговорна, амбициозна и независна личност, која ќе ги цени и почитува луѓето без разлика на нивниот статус- објави Женски магазин во една прилика.
Новинарката и нејзиниот партнер Александар Ристовски летото во 2019 година направија свадба и црковна венчавка. Главна гостинка на забавата била нивната ќерка Каја, која тогаш имала девет месеци.
Уште еден убав повод за веселбата била крштевката на Каја, која Мерсовска и нејзиниот партнер решиле да ја направат на истиот ден со свадбата.
Беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро.
На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажала оваа позната новинарка од „Сител“ за Женски магази.
Она што со што таа привлекла вмимание на свадбата е уникатната и нетипична креација, блуза со цветови и пантолони, и по тој повод, Наташа рекла:
Не сакав класична венчаница, сакав пантолони.
Наташа сега, откако нејзината ќерка има четири ипол години изгледа уште поубаво и помладо личи. Малку слики објавува на нејзиниот Фејсбук профил, но оние кои се достапни покажуваат дека личи како да е ептен млада девојка и се гледа дека е доста разубавена.
Сигурно дека задоволството кое ѝ ја носи профсијата што ја работи, брачниот живот и времето поминато со ќерката ја прават да изгледа вака добро.