Се знаат многу одамна, а соработуваат речиси 20 години. На прсти се бројат домашните концерти, манифестации и фестивали на кои овие две дами ги нема на сцената.
Во една претходна приказна за Женски магазин, Ана Костадиновска и Сара Николовска раскажаа колку е одговорна задача да си придружен вокал, и ја доловија приказната за нивното пријателство.
Тие се придружни вокали на мнигу напи пејачи, нема на кој не се: Елена, Каролина, Дарио, ДНК…
Исто така пееја во мјузиклот „Мама миа“, каде што биле ангажирани како вокални тренери на сите актери, го подготвувале и хорот, и самите пееле во него.
„Со Сара се знаеме многу одамна, уште од средношколските денови, а соработуваме речиси дваесет години! Бројка немам, но сигурно одамна поминала 1000, ако воопшто можеме да ги изброиме нашите заеднички настапи“, изјави Ана, која потекнува од музичко семејство.
Таа е ќерка на композиторот Кире Костов и професорката по пијано Кармен Костова. И нејзината сестра Нина е музичар. Работи во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј како професор и како вокален педагог во академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“.
„Имам чувство дека ја знам цел живот, се знаеме многу одамна, но почнавме да се дружиме во средно школо.
Да, тоа беше вистинско препознавање една во друга, пријателство кое до ден денешен трае и се развива, со сѐ поголем интензитет“, изјави Сара Николовска за Ана.
„Улогата на придружниот вокал е многу важна. Придружниот вокал мора да внимава да се „залепи „по боја и текст на главниот вокал,а притоа да не го покрие или натпее.
Сара е буквално мојата втора половина, ме надополнува, во секоја смисла и професионално и приватно!
Она што би можело да кажам дека ме нервира кај неа е тоа што секогаш прави вистинска проценка на карактери и ситуации,а јас никогаш не ја слушам на време, хахаха“, изјави Ана за својата пријателка.
Во истиот медиум, Ана има раскажано за својот сопруг кој е сега за жал упокоен. Таа го има изјавено следново:
– Се запознавме на забава. Си кликнавме веднаш и уживавме во заедничките мигови секогаш, каде и да се сретневме. Љубовната искра се појави неколку години подоцна, сосема случајно, спонтано.
Таков беше, тој, спонтан , ненаметлив. Токму со тоа ме освои, а до уши се вљубив во неговиот хумор и душа голема како планина. После две години, спонтано одлучивме да ја озакониме љубовта.
Ме запроси баш во негов стил, со песна која самиот ја напиша. Тој ден се смеевме до солзи. Ја читавме преку 10 пати. Ден по ден, година по година, минуваше времето.
Не сум мислела дека тоа е возможно, но од ден на ден нашата љубов растеше. Го сакав секаков, поради начинот на кој успеваше да ме расположи, магијата со која умееше да ги растера најмрачните облаци.
Поради љубовта кон нашата ќерка – вели Ана на почетокот од овој разговор и дополнува дека најмногу се вљубувала во неговото созревање како родител. Но, животот за Ана и Бобан имал други планови.
– Имаше здравствени тегоби краток период. Потоа се се случи толку брзо, со брзина на едно трепнување. Дијаг ноза, опе рација. Не дочека да се опорави. Состојбата му се искомлицира и си замина- појаснува таа.
Следува период на тага, неверување, болка, празнина. „Мислев дека ако некогаш ми се случи ваква приказна, ќе се скр шам, ќе се здробам во ситен прав. Некако се случи сосем спротивното.
Сепак, во целата тага, човекот во себе поседува огромна сила, мотивирана од љубовта кон чедото и блиските, која силно го издига над болката и го води напред низ животот.
Веднаш им се вратив на обрските- вели Ана,прекрасна личност, позитивна и речиси секогаш насмеана. Секојдневието ми е исполнето со ред солзи, ред песна,ред насмевки за убавиот живот за минатото, за иднината“, рекла во Женски магазин Ана.
Сега, нејзините фотографии се забележуваат во објави од концертот на Дарио, каде што пеела придружни вокали, и се гледа дека оваа силна жена се исправила гордо и продолжила напред.