Каролина искрено кажа на што најмногу ги троши парите и што ѝ фали во животот

0

За Каролина Гочева доста се пишува во медиумите, за нејзината работа, настапи, аутфити, сопругот, за песните, за концертите, секогап кај македонското девојче има по нешто.

Со голема леснотија, Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски ги завршија петте концерти во Филхармонија минатата година, како да е еден подолг настап, а не концертен маратон.

Овој маратон се заокружи со уште два концерти на 2 и на 3 јануари во Националната опера и балет. Избраните песни на Шпато, Бранѓолица, Масевски и Бојаџиев како да се пишувани токму за гласот на Каролина“, објави минатата година во декември Женски магазин.

И самата таа, посебно емотивно ги доживува додека ги пее, а за песната „За нас почнува живот“, вели дека приватно ѝ е многу значајна.

Целиот албум, „Песни за копнеж и љубов“ во неа буди чувства за кои не ни била свесна дека тлеат во неа. За нејзините претконцертни ритуали, и на други теми Каролина зборувала за Женски магазин.

– Немам посебен ритуал ама одмарам, гледам убаво да се наспијам и тоа мислам дека е и најважно и од мое, а и од искуствата што сме ги споделувале со колегите…

Избегнувам и некои други работи за кои сум забележала дека ми пречат, деновите пред концерти се трудам да не зборувам гласно, избегнувам зачадени простории, не пијам газирано, не јадам луто. (се смее)

Целиот албум кога го слушам ми буди некоја меланхолија, некои чувства за кои не сум ни била свесна дека тлеат во мене во тој момент.

Затоа и кога требаше да се именува не сакавме да биде насловен по песна, туку сакавме некако да го доловиме чувството кое ни го буди додека го слушаме и изведуваме.

Така дојдовме до копнеж и љубов. Што се однесува пак до песните, „На овој ден” и „Ни на на”… исто и „Празно е” кога и повторно да ја изведувам се чувствувам како вистински да ја доживувам…

Навистина ни помина како сон… тоа што изгледаше како сериозен предизвик, 5 концерти за 3 дена, го поминавме со некоја неверојатна леснотија од првиот концерт до последниот.

Секојдневието како и пред секој настап или концерт ми е дома – проба – дома – концерт. Особено што овојпат свиревме сред сезона на настинки и грипови па внимавав повеќе од вообичаено“, изјавила Каролина.

Кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.

Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови“, изјавила Каролина за Фешнел во една прилика, поврзано со модата.

Во една прилика, Каролина му има гостувано на јутјуберот Стефанатор во неговите „90 секунди“, и таму има кажано работи кои досега луѓето не ги знаеле за неа.

На пример, кога Стефанатор ја прашал во колку часот ѝ ѕвони алармот наутро, Каролина одговорила: Стално сум пред алармот, не стига да ме разбуди, така да накај 7.

Ако мора да одбере една нејзина песна, тоа би била „Капка под небото“. А на прашањето дали трет пат би одела на Евровизија, Каролина рече: Мислам дека не, ама никогаш не вели никогаш.

Кажи ми нешто што луѓето не знаат за тебе: Дека многу добро знам да имитирам. „На која песна кршиш чаша во кафана? Не кршам чаши, знам да се качам по маси, тоа е максимум, не сум скршила чаша.

Како би се опишала себеси со три збора: Интроверт, тврдоглава, чистачка. „Еден месец без интернет или еден месец без кола? Без интернет, одговорила Каролина. На прашањето за каде би купила билет за еден правез, таа рекла: За Мексико.

А имало и едно интересно прашање: Што ти фали во животот, а на ова Каролина одговорила: Трпение. Потоа, кога ја прашале- на што трошиш најмногу пари, таа одговорила: на храна. Видеото можете да го гледате ТУКА.

Претходна статијаЖивееше во Англија, се врати дома и сега роди ќерка – нашата топ манекенка има приказна за книга
Следна статијаАлександар Митевски раскажа каква ујрудма му направила на Дац, сопругата Весна