Иако денес повторно се снимаат нови серијали на Македонските народни приказни, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….
Македонските народни приказни се омилени кај сите генерации и се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.
Актерот Лазар Бараков неодамна објави дека за нив актерите нема студено или топло, тие на лето интензивно работеле на снимањето на новите приказни и на плус 40 и кусур степени..
Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе. Tрадицијата продолжува“, објави актерот. Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино.
-Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер.
Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште.
Сум имал достап до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови се врежани во мене.
Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите“, кажал Бараков.
На Фејсбук групата „Патувања низ Македнија“ е објавена слика од едно специјално место, а тоа е куќата каде што се снимале Македонските народни приказни.
-Куќата од Македонските народни приказни – село Чучер-Сандево Ова е куќата во селото Чучер-Сандево во која се снимаа преку 200 епизоди од новите серијали од 2009 до 2017 година на Македонски народни приказни.
Во Чучер-Сандево снимањето започна од 2013 до 2017 година. Последните неколку епизоди од епизодите во 2017 година беа во режија на Владо Дојчиновски.
Многумина се навикнати на старите приказни, кои се далеку многу подобри во секој сегмент од новите епизоди.
Во постарите серијали од 1984-2003 година, имавме поголема и поискусна актерска екипа како: Ванчо, Петрушевски, Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова…
Гоце Тодоровски, Лазар Бараков, Гоце Влахов, Кирил Андоновски, Стојна Костовска, Дубравка Киселичка, Анче Џамбазова, Владимир Ангеловски, Димче Мешковски и тн.
Иако во 2021 година беа снимени нови епизоди од серијалот Македонски народни приказни на кои режисер и сценарист е Владо Дојчиновски, тие се уште не се емитувани.
Куќата моментално е една од најголемите атракции во селото и многу посетители ја препознаваат и се фотографираат пред неа.
Куќата можете лесно да ја најдете и препознаете, бидејќи се наоѓа на главниот пат во селото, а доколку ја посетувате за време на викенд, можете да налетате и на посетители што ја фотографираат“.
Ова го напишал Спасе Манев, за тајната и за посебноста на оваа куќа.