Поранешна Југославија се уште го памети моментот кога беше откриена големата љубовна врска помеѓу Миша Ковач и Анита Батурина.
Беше вака: Најубавата тинејџерка од Сплит, Анита Батурина е прогласена за „Мис тинејџерка“ на светот и по тој повод ја интервјуираа новинарите.
На едно наивно прашање: дали имаш дечко, таа одговори: Имам… – тивко одговори Анита Батурина. Како се вика, кажете ни како се вика“, продолжи новинарот пред целата сала.
„Па… не би рекла… не би можела…“, збунета и вцрвене Анита. Претставничката на „Плави вјесник“ Сребренка Кривачиќ, која ја придружуваше Анита Батурина, ѝ рекла:
„Кажи го,ајде те молам, како да е важно… Можеш да кажеш кое било име…“.
Анита молчеше, тврдоглаво чувајќи ја својата тајна. Не е ни чудо што Анита била преплашена и одбила јавно да го каже името на своето момче.
Затоа што нејзиното момче на пошироката публика и беше познато како познатиот пејач, кој тогаш бил среќно женет- Мишо Ковач.
Подоцна во јавноста стигна информација дека Мишо Ковач ја запознал Анита во Сплит, за време на неговите гостувања, а парот се вљубил. Сето ова можеби ќе беше прифатено доколку тогаш 30-годишниот пејач не беше во брак со Љубица Ковач.
Љубица дознала дека Мишо ја изневерува и му направила таква кав-га пред настап што Мишо се обидел да го откаже настапот под изговор дека е не му е добро.
Тогаш Мишо ѝ признал на Љубица дека е вљубен во младата Анита. После тоа отишол на турнеја низ Србија и Босна и Херцеговина, а некои велат дека со себе ја земал љубовницата, а не жена му.
Се пишуваше дека песната „Марија“ е посветена на Анита, а тој го сменил името за да не биде очигледно.
Од друга страна, Анита ги слушала преостанатите часови во средно училиште вонредно, за да поминува што повеќе време со Мишо на турнеите.
Родителите на младата Анита се противеле на нејзината врска со Мишо, зашто бил дфоста постар од неа, а пејачката имала сериозни намери. Сакал да се ожени со неа, но прво морал да се разведе.
Двојката се венча две години откако се дозна во јавноста. Имаа и две деца: синот Еди кој за жал се упкои и ќерката Ивана.
Тие се разведоа во 1996 година, откако го загубија синот.
Сега, Мишо е женет со Лидија и живее во Загреб, а Анита во Далмација одкаде што потекнува.