Босанац пoлудe, Марија Шерифовиќ ифрит лута на Мили- невообичаени случувања во „Ѕвездите на Гранд“

0

Ѕвездите на Гранд е телевизиско музичко натпреварување на српската естрада организирано од продукциската куќа ” Гранд продукција ” за да пронајде нови музички таленти.

Емисијата содржи елементи од меѓународните франшизи, како што се идол и X фактор. Се емитува на комерцијална телевизија низ цела поранешна Југославија, емитувана примарно на Прва телевизија во Србија, претходно на “Пинк ТВ”, како и други регионални телевизиски канали.

Шоуто досега има четиринаесет победници со различни други натпреварувачи кои се појавија на шоуто и добија успех во музичката индустрија како Тања Савиќ, Ристе Ристески, Рада Манојловиќ, Милан Станковиќ, Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ и многу други.

Ѕвездите на Гранд е веројатно најпопуларната талентна програма на Балканот со висока гледаност во поголемиот дел од сезоната, а кај нас се митува сега на Тв Сител.

– Па по логика на работите, кога во жирото ќе повикаш некој кој е од рок музиката, треба да очекуваш дека рок музиката исто така ќе се појави во рамките на тоа.

И јас добив апсолутно отворено врата, односно дозвола од продукцијата и Саша Поповиќ пред сѐ да можам да се занимавам со кандидатите на тој начин, дека едноставно ќе им давам за задача и рок и поп музика.

Така што многу допринесов за промената на тие некои трендови кога се „Ѕвездите во Гранд“ во прашање, но исто така морам да кажам дека некои песни кои се од 60-тите и 70-тите години, некои песни кои што би се кажало дека се евергрини, многу храбро им ги зададов на тие млади луѓе, кои никогаш не ги слушнале тие песни да ги изведуваат.

Сметам дека тоа е сериозна библиотека – сѐ она што Екс Ју го даваше, почнувајќи од групата Леб и сол, Влатко Стефановски, Драган Мијалковски, од некои стари преку некои работи кои се случуваа на фестивалот „Белградската пролет“, на фестивалот Загреб во текот на 60-тите и 70- тите и 80-тите години, дека тоа е нешто што е музика и дека тоа е нешто што не смее да се заборави.

90-тите донесоа, покрај тоа што следуваше вој на, сериозен чекор на квалитетните квалитативни кога е музиката во прашање. Почнаа да се слушаат некои пејачки кои немаат никаква смисла ниту било каква идеја.

Сѐ што се случуваше тогаш, во 80 проценти од случаите немаше никаква смисла и никаков вкус. Директорите на телевизиите тогаш се забавуваа со некакви пејачки кои ниту пееја ниту изгледаа.

Изгледаа гроте сктно и со самото тоа што се забавуваа со уредниците или дикреторите на телевизиите, тие добиваа простор кој реално не им припаѓа и тоа многу го унакази музичкиот пласман.

Меѓутоа, она што е квалитет секогаш до публиката го наоѓа патот. Така што големите работи во рок’н’рол и поп музиката се случуваа на територијата на Босна, Хрватска, Србија во тоа време.

Државите кои најмногу трпеа во таквата распределба во приказната се всушност Македонија и Црна Гора“, изјави еден од членовите на жирито, Ѓорѓе Давид во Женски магазин.

Оваа сабота се очекува последното шоу од вториот круг во „Ѕвездите на Гранд“, а она што се случи на снимањето ги збесна сите членови на жирито

Освен самите кандидати кои меѓусебно се натпреваруваа обидувајќи се да настапат што подобро, во дуели, се разбира вербални, влегоа и нивните ментори.

– Прашањето е само: „Како пееше за испаѓање?“ – бе сно рече Марија, очигледно незадоволна од позицијата на нејзиниот кандидат.

– Од почетокот до крајот на двете песни се е лажно – експлицитен беше Мили, што дополнително ја исфрли Марија од колосек, па мораше да се прекрсти, не верувајќи во она што го слуша од колешката од жирито.

Ст растите се раз гореа кај останатите членови на жирито, па Ѓорѓе го прекина излагањето на Цеца барајќи таа да зборува. „Само една реченица ве молам, како пејач ве молам вечерва да му дадете „оправдување“ на ова момче – го молеше Ѓоле Поповиќ.

Дека „ѓаволот се пошегувал“ разбрал и Босанецот кој бил видно револ тиран од претходните постапки на колегите во жирито.

– Никој не мораше ако така гласавме. Ако сакате така да гласате, еве го – рече Стојковиќ и неволно го притисна копчето за гласање.

– Еве, еве, сите поминуваат понатаму – додаде тој и гласаше во свое име, но и во име на Снежана.

До крајот на емисијата тензијата меѓу нив само порасна, а сето тоа гледачите ќе можат да го видат во сабота, на малите екрани.

Претходна статијаНашата позната пејачка остана без сопругот за само три месеци- сега пак има сила да се смее и живее за ќерката
Следна статијаСлоба доби син, а еве каква бpyтална порака упати неговата бивша -Кија Коцкар