Александар Митевски раскажа каква ујрудма му направила на Дац, сопругата Весна

0

Јасно е дека Драган Спасов- Дац, е еден од домашните најпознати актери, со бројни театарски и ТВ улоги, долги години миленик на публиката. Во неговата филмографија се запишани и успешно одиграните ликови во ТВ и многу филмски проекти.

Во последно време, тој е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Дуети помеѓу пејач и актер имало повеќе и во регионот и низ светот, но најголема улога во нашата спојка одигра нашето другарство, наоѓањето „на иста бранова должина“ и истиот уметнички пристап кон љубовта и музиката“, изјавија во Локанлно.мк Александар Митевски и Драган Спасов-Дац.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сакана:

Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

Кога Дац во април минатата година прослави роденден, по тој повод на Фејсбук објави една убава вест. Весна, која тој досега ја нарекуваше своја жена, сега и официјално му стана законска сопруга.

Пријателите го изненадиле на настап, му повикале матичар да ги венча со Весна, без тој да знае.

– Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак.

Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“, напиша тој на Фесјук пред неполна година.

Во интервју за Слободен печат, Дац и Александар раскажале за тајната женачка на Дац која Александар му ја има организирано на едне нивен настап минатата година, и тоа беше ептен хит на социјалните мрежи.

– Тоа беше навистина едно непредвидено до крај, речиси филмско сценарио, а Дац воопшто немаше поим за целата работа. Целата „ујдурма“ ја организираше неговата Весна, со моја асистенција, нашите поблиски пријатели и менаџментот и амбиентот на клубот „Трибека“, каде редовно имаме настапи.

Сé се случи на роденденот на Дац; се купија прстени, се повика нашиот пријател, матичарот Роки (кој од нас неодамна доби „Љубовен пасош“), ја заградивме скришно бината за да не може нашиот иден „зетко“ да избега од ненајавената венчавка.

Во паузата на нашиот настап, нашиот диџеј Миле пушти свадбен марш и Дац мислеше дека некој друг ќе се жени или мажи затоа што родендени, предлагање на бракови и разни прослави секогаш се неизоставен дел од нашите настапи.

Весна, невестата, и нејзините другарки деверуши се појавија, дојде Роки со книгата на венчани за потпис, на Дац му ставивме „пеперутка“ машна и тоа беше тоа. Цела кафеана грмна во делириум.

Прво мислеа дека нешто изведуваме и глумиме (постојано правиме некои изненадувања), но потоа се виде дека сето тоа е вистина. И од тогаш до денес, „младите“ живеат среќно и весело“, рекол Александар Митевски, а Дац на оваа тема додал:

Прво што ми падна на памет е некоја од шегите што редовно ми ги приредува, сега веќе, сопругата Весна, но кога ја видов со велот на глава, сите други жени со ленти на главите, како вовед дека сепак не станува збор за шега, и кога конечно го видов матичарот Роки со книгата за потписи – ми стана јасно.

– Александар ми стана кум, а нашата другарка Сандра – старосватица. Беше навистина убаво изненадување“, изјавил Дац во ова интервју за Слободен печат.

Претходна статијаКаролина искрено кажа на што најмногу ги троши парите и што ѝ фали во животот
Следна статијаСе огласи Душан од Ѕвездите на Гранд, дрвја и камења по Снежана Ѓуришиќ, му одговори Саша Поповиќ и го октри ова