Водителката Милена фати микрофон – спиеш ли мирно Пријовичке? (ФОТО)

0

Убавата Милена Антовска- Станковска, е со години наназад една од нашите најуспешни и најпопуларни водителки. Таа, како што е познато е дел од тимот на Канал 5 телевизија.

Милена вели дека уште е ведра, насмеана, комуникативна, дружељубива, но сега за разлика од порано е малку посталожена, заради мајчинството, но се чувствува и како детето во неа уште да живее.

Милена е сега мајка на две прекрасни ќерки. Милена кога беше бремена со првата ќерка Лана Марија велеше дека ќерката е сиот нејзин свет.

„Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Милена потоа остана бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Гордан станаа родители по вторпат. Убавата водителка за „Слободен печат“ тогаш сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.

„За една недела треба да влезам во петтиот месец од бременоста, а бебето треба да се роди во јануари.

Бременоста тече во најдобар ред, сѐ е како што треба, единствено малку ми е потешко затоа што сега немам толку енергија, а веројатно тоа се должи и на топлото време“, вели Милена за „Слободен печат“.

„Не бев сигурна за второ дете, но сега сум сигурна дека е тоа најубавото нешто. Пред да го дознаеме полот на бебето, јас мислев дека ќе биде машко, а Гордан беше убеден дека ќе биде девојче. Јас се излажав овој пат“, вели среќната водителка.

-Бебето ќе се роди во јануари и ако се погоди јарец во хороскоп, како што сум јас, тешко на Гордан. Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме.

За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица. А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето.

Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето. Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се’ повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, откри Милена за ММС.

Што се однесува до првата и втората бременост, двете бремености ми беа многу поразлични. Со Лана Марија како да не бев бремена, немав никакви тегоби, буквално до последниот ден бев излезена и носев високи потпетици.

Со Јоана навистина ми беше потешко, речиси два месеца порано се повлеков од работа, затоа што имав отежната бременост, имав и некои други здравствени проблеми, итн. Но сега е сѐ во ред и се надевам дека така и ќе остане“, рекла Милена за Слободен печат.

– Кај една жена прво нешто што ми паѓа в очи е однесувањето и ставот. Воопшто не поднесувам нападни и наметливи жени.

Жената треба да биде синоним за елеганција и харизма. Кај мажите пак, прво нешто што забележувам е дали има смисла за хумор“, откри во една прилика водителката.

Милена Антовска на Василица, на свет ја донесе Јоана, нејзината втора ќерка. Водителката се породи по природен пат и овој ден за неа и сопругот Гордан Станковски е еден од најубавите во животот.

Првата ќеркичка Лана Марија, која со нетрпение го чекаше доаѓањето на свет на нејзината мала сестричка, стана дада. Ова е второ дете и втора најголема радост во семесјтвото Антовски-Станковски.

Милена еден ден пред тоа го прослави својот 35 роденден, па на социјалните мрежи со своите следбеници сподели дека голема забава нема да прави бидејќи во секој момент очекува да се породи.

Милена и Гордан, вчера прославиле прв роденден на новната ќерка Јоана, и во таа прилика Милена на Инста и на ФБ објавила дека 14 јануари всушност бил нејзиниот најсреќен ден, на овој начин:

– Вчерашниот ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и и правевме крштевка. Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен.

Благодарност до Огнен Здравквски што направи најдобра атмосфера за еден од нашите најважни моменти во животот. Огромна благодарност до прекрасните девојки од @es.decorations кои украсија подобро од што замислував и најтопло ви ги препорачувам за било каков повод и прослава.

Тортата беше предобро изработена од @sweetthingsmk и ја направија круната токму како што сакав“, рече Милена која за оваа прослава облекла ултра мини фустан кој супер ѝ стоел.

Арно ама, таа се орасположила, што е и природно за мајка која на детето му слави прв роденден, па запеала и тоа песна од Александар Пријовиќ која се вика „Легитимно“, и колку што се гледа на снимката на стори, Миленче ептен добро се снашла со микрофонот.

Претходна статијаСања Кужет објави слика без шминка и ги изненади сите – Ова никој не го очекуваше! ФОТО
Следна статијаСара Мејс покажа како го поштува мажот – легна до него на кревет и го погали (ФОТО)