СЕ ОГЛАСИ МАЈКАТА НА ДУШКО – Еве како реагираше на веста за разводот со Јелена

0

Мајката на Душко Тошиќ живее далеку од медиумското внимание

Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се неисцрпна тема за пишување во таблоидите, а нивните турбулентни семејни односи е тема која не престанува да ја интригира јавноста.

Откако се огласија, а очигледно се откажаа од разводот, сите погледи се вперени во музичката ѕвезда и поранешниот фудбалер, се следи секој нивни чекор, сите изјави и фотографиии за да се дознаат повеќе детали, а што многумина ги интересира е и врската помеѓу мајката на Душко Тошиќ со неговата снаа Јелена Карлеуша.

Поранешниот српски репрезентативец израснал во малото село Орловат кај Зрењанин, во куќа полна со љубов и со малку финансиски средства.

Родителите на Душко поради сиромаштија морале да го испратат во Домот за незгрижени деца „Ангелина Којиќ Гина“, поточно во интернатот на таа институција, каде што се школувал и истовремено тренирал фудбал, од каде што успеал да заработи милиони и живее во изобилство денес.

Откако почина татко му, Душко е особено приврзан за неговата сестра Катарина и мајката Николета, кои имаат посебно место во неговото срце.

Мајката на Душко Тошиќ, за која тој е особено приврзан, иако по смртта на сопругот таа можела да дојде во Белград и да живее во близина на синот, снаата и внукот, таа избрала да води мирен и скромен живот и да не замине од селото Орловат, каде што мештаните имаат само пофални зборови.

Не чита весници и не знае какви наслови излегуваат, но Орловат е мало место. Знаете дека се потребни 10 минути за да се рашири гласина. Овде доаѓа другарот на Душко, донесе храна и сè што им треба на децата. Останува час-два, па си оди“ – вели сосед кој живее недалеку од семејната куќа Тошиќ.

Јас сум близок сосед на Николета. Таа е витална, се грижи за живината, внуците кога се наоколу, но штом ќе се посомнева дека доаѓаат новинарите, се заклучува во куќата.

Децата некогаш се со неа, некогаш во новата куќа. Ретко излегуваат, веројатно им било кажано да останат во куќата. Можеби тие се во базенот зад куќата или на трамболината. Имаат сè таму кога ќе дојдат да се забавуваат.“

Првата сосетка не била претерано расположена за разговор, но открила дека во нивното семејство имало проблеми.

Верувајте, многу се зборува, но секое семејство денес има проблеми. И за Тошиќ не е сè прекрасно, тие не се единственото семејство во кое се случи развод, па затоа ја почитувам нивната приватност. Нема да зборуваат за тоа, а јас како прва сосетка сум тука да ги почитувам нивните желби“ – рекла жената.

Бидејќи бракот на Душко и Јелена и нивните медиумски препукувања веќе подолго време се главна и омилена тема во домашните медиуми, и поставија прашањето како сите овие написи во весниците паѓаат на г-ѓа Николета, која никогаш не се огласува во јавноста.

– Па, што ме прашуваш? Што ме прашуваш? Немам коментар – рече таа.

Оваа повлечена и скромна жена, која пред се го цени својот и мирот на синот, поради почитување на приватноста на своето семејство, решила да не се меша во нивната врска, а сигурно е дека ги обожава своите внуци и времето го поминува всвојот дом во Војводина со нетрпение чекајќи да ја посетат синот со Атина и Ника, како и ќерката Катарина со наследничката Ања.

Претходна статијаСлавчо Попоски најави нов ПОРАСТ на температурите до 15 степени – Еве кога!
Следна статијаСАША ПОПОВИЌ ДОБИВА ЗАМЕНА? Еве кој му го мерка директорското столче во „Ѕвездите од Гранд“ (ВИДЕО)