Никола првпат проговори околу враќањето во Македонија!

0

Поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски, во својата новогодишна честитка им порача дека во 2023 ќе им биде уште полошо на тие „што не можеле да го трпат лани“.

„Среќна нова 2023 година!

Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!

Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша“, објави Груевски на Фејсбук.

Поранешниот премиер Никола Груевски преку својот Фејсбук профил порача дека за враќањето во Македонија ништо не е невозможно и дека се е Божја промисла.

„Денес низ различни медиуми и апликации добив стотици и илјадници топли честитки со искрени желби за здравје, среќа, успех и враќање во Македонија, во новата 2023 година, на кои физички е невозможно да одговорам поединечно во брзо време.

Ништо не е невозможно. Се е Божја промисла и за секој од нас Бог има некаков свој план, понекогаш дури и кога се изгледа безнадежно.

Благодарам уште еднаш. Еден пријател синоќа ми пишал: “И така и оваа година ќе си замине… како и многу други пред нејзе…а нас ќе ни останат сеќавањата… се надевам само добри… среќна нова година Никола”.

Му честитав возвратно со најдобри желби и допишав: “Да, годините минуваат, а сеќавањата остануваат и тоа е предвидливо.

Но, тоа не го прави животот бесмислен ако човек има цели во животот базирани на чесни основи, ако има идеали и ако има љубов”, пишува Груевски.

Претходна статијаУБАВА ВЕСТ: Еве за колку ќе се ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ и МИНИМАЛЕЦОТ од март!
Следна статијаАдријан Гаџа ја гушна најважната жена во неговиот живот и покажа што прават нејзините вредни раце (ФОТО)