Немав 200 долари, тоа за мене беа големи пари – Кили искрено раскажа како живеел во Еквадор

0

Кирил Поп-Христов-Кили е еден од најпознатите македонски актери. Тој е секогаш интересен за медиумите.

Во 2014 година, тој со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.

Одлуката да се пресели ја донел уште додека ја одлежуваше затворската казна за одгледување на кан абис, за кој за време на судењата постојано повторуваше дека го одгледува за да му ги олесни проблемите со рако т на коските.

„Во Еквадор дишам слободно“, изјави актерот тогаш.

Потоа, Кили по неколку години пауза повторно се појави на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ и беше прчекан со овации од публиката. Сега, Кили води мирен живот подалеку од очите на јавноста.

Кили во емисијата Еден на еден пред неколку месеци раскажа како се живее во Еквадор, но раскажа и една случка која ја имал на аеродром со полицаец од Еквадор

– За секој жител на земаљската кугла, во Аквадор не постои виза. Ти како странец слетуваш и ја добиваш таа туристичка виза од 45 дена која е бесплатна, автоматски, ти имаш за 45 дена беспатна виза за да ја користиш територијата на Еквадор.

После 45 дена, ако сакаш да останеш повеќе, тогаш одиш во министерство за надворешни работи, аплицираш, и плаќаш некои ситни, 20-30 долари, за да тие ти продолжат на три месеци, на шест месеци, на година дена, зависи на колку сакаш.

Јас ни тоа не го направив, можеш да замислиш, затоа што требаше да извадам за година дена виза, за година дена, требаше да дадам 200 долари, во тој момент 200 долари за мене беа многу пари. Нејќев ни да чујам да дадам, ќе седам у „Пештани“.

И сега, по три ипол години во Пештани, морам да дојдам во Скопје, така? Се појавувам на аеродром, полицаецот ми го гледа пасошот и вика: Господине, а кога дојдовте вие во Еквадор?

Па викам, има едно две две ипол три години. А, дали сте го напуштиле од тогаш? Викам -не. Па знаете ли вие дека немате виза? Знам. Па, сега што правиме? Па, ајде брате што правиме? Да си одам.

Удри ми таму печат, само немој персона нон грата жити лепота и кариера. И они, знаеш како се тааму фини. Тоа се потомци на Инките, а Инки се Иднијанци, Индијанците се многу скромни и мирни луѓе.

Ми пружи една невероватна насмевка, ми удри еден печат дека го напуштам Еквадор, и ме замоли, со огромна доза на извинување: Ве молам, наредните шест месеци не ќе можете да влезете во Еквадор. Ама ми вика: Ќе можете преку Перу или Колумбија на диво.

Диво бе замисли, полицаецот ми кажува дека можам да влезам на диво.

И после ако треба да искочам, након година дена да искочам пак на диво во Колумбија или во Перу, и да си влезам регуларно со нов пасош како што треба.

И сега ти кажи ми, како да не го гушнеш, и како да не ја обожуваш таа земја, како странец и туѓинец.

И, ова сакав да ти кажам, зборот емигрант не постои во вокабуларот еквадорски, јер тоа е навредлив термин. Емигрант е навредлив термин.

Ниту на еден од емигрантите од Европа не дојдоа таму, ма да им се отворени границите, зборам за Сирија за Бангладеж, за Авганистан, што е препуна сега Европа од нив.

Така да, кога видов дека емигрант како збор не постои, како ги третираат тие кои ќе закаснат со виза и немааат виза, клекнав на колена и почнав да ја бацувам земјата“, изјави Кили во претходно гостување во Еден на еден.

Претходна статијаAнгелите нека ти свират нежни ноти- Маја Оџаклиевска сподели прееомотивни зборови
Следна статијаКате и Трајче од Соната објавија слика со македонската ФОЛК кралица (ФОТО)