На моменти немав денар во џеб, со 500 денари отидов на настап: Нашата позната пејачка ја отвори душата

0

Прилепчанката Елена Петреска е една од најпознатите македонски поп пејачки. Таа е вработена и во Филхармонија, а беше организатор и на едно од најгледаните ток шоуа пред неколку години.

Во една прилика, на својот профил на социјалните мрежи, Елена сподели со јавноста колку бил тежок нејзиниот пат до успехот. Ваквите искрени исповеди допираат до луѓето:

-Медиумската експонираност и изложеноста под лупа од јавноста, воспоставување спогодба со сечиј коментар, поистоветување со сечие мислење ме направи толку несигурна во себе и ја изгубив целата самодоведба до толку што за секој тон што ќе го испеев.

За секое мое појавување на тв чувствував огромен притисок и постојано го слушав критичарот во мене,тој лошиот критичар , едно гласче кое постојано како расипана лента вртеше во мене и го исцица и последното атомче на самодоверба.

Чувство дека ништо не заслужувам, дека сите се подобри од мене, чувство дека не сум достојна никој да ми подаде рака, е тоа ме понесе на најниската фрекфенција во животот.

Тука настапи незадоволството, анкс иозноста, несоницата, прејадувањето… тој зачаран круг во кој се вртев со години.

Не знаете колку е тешко да излезете пред светот глумеќи дека се е во ред, а во себе водите борба,б орба во која веќе не е битно како ќе изгледаш, како ќе отпееш, кои зборови ке ги одбереш, туку страв да не се срушиш додека го правиш тоа па сите да ѕирнат во вистината.

Онаа вистина во која ти си само човек скршен од сопствената реалност, онаа реалност која е проекција од твојата глава создадена во моментот кога одлучувас туѓото мислење да биде твоја вистина.

Со години прифаќав се што ќе ми се понуди, дали е добро за мене или не, беше небитно… битно беше јас да не кажам НЕ за да не повредам нечија суета и со тоа не се допаднам некому.

Па така, знаев да прифатам да пеам и песни што не ми се допаѓаа, песни што не ги чувствував, излегував на сцена да излажам некого да ја сака мојата песна а ни сама не си ја сакав, но битно никој не беше навреден, автори задоволни, место на фестивал потполнето, сите новинари испочитувани, само мојата душа тажна….

Еднаш прочитав, каков човек си ти ако на сите угодиш освен на сопсвтвената душа? И добра ли бев јас? НЕ, бев најлошиот непријател на самата себе!

Можам отворено и со чисто срце да го потврдам тоа, без срам како ќе ме разберете. Зошто веќе не ми е битно дали некој ме разбира.

Сакам и до утре да пишувам, да си ја отворам душата, но ќе сумирам тука. Не седете во својата комфорна зона грижејќи се кој што ке каже, не се мислете дали да го ,направите нештото за кое сонувате зошто другите ви кажуваат милион причини зошто да не го направите, не ја гледајте во огледало најлоша0та верзија од себе!

Гушнете ја својата душа, прашајте ја што сака, таа ги има сите одговори а вие само препуштете се на водството! Да живее музиката, да живее блузот кој ми е во душа!“, напиша пејачката која е инаку од Прилеп, а сега е мажена и има ќерка и син. Во Женски магазин, таа поделно ја објасни оваа приказна:

– Изгубив самодовербата зошто тоа се сплет на ситуации и околности кои малку по малку ме влечеле надоле. Од мала сум на сцена, го сакам тоа што го работам, тоа е мојот живот.

Но, кога почнав да се појавувам на телевизија и да се гледам од страна се’ некако стана различно, прво мојата нефотогеничност.

По првата моја насловна страница ме виде една водителка во живо и ми кажа: Не дозволувај веќе да те сликаат! Тоа за мене во тој период на почетоци беше шок.

Па, оттаму дојде и мојата идеја дека не сум доволно убава за да бидам на ТВ, па никогаш не сакав да си ги гледам настапите и гостувањата во емисии.

Првиот таканаречен ша мар беше кога заради финансиската состојба во која западнавме морав да се вратам во Прилеп и да ги прекинам студиите на Музичка академија.

Бев разочарана и депр есивна, но одлучив да се борам, секогаш се сеќавам на тие 280 денари за автобуска карта кои ми ги даде мојот тетин и со кои се вратив назад во Скопје и почнав да пеам за да заработувам за живот.

Имаше моменти кога немав денар во џеб и кога го допрев дното, но фала му на Бога, и на мојата мотивација, работа на себе и трудољубивоста, почнав да се качувам на скалата да стигнам до нулата, зошто таму кај што бев беше минус.

Не се откажував никогаш, се борев постојано, одев на фестивали, на настапи, некогаш со позајмени фустани, со сандали фарбани со боја, со фустани направени од марами, зафатени со безопасни, кои сама си ги изработував.

Се сеќавам на Охрид фест кога победив со песната “Галебе” а едвај отидов на фестивалот со 500 денари во џеб… сега си се чудам на храброста и самодовербата која ја имав“, изјавила Петреска.

Претходна статијаЕмотивен спомен од неговиот татко во домот Дамјан Стојановски – на повидок уште еден наследник (ФОТО)
Следна статијаВнуката на Трифун Костовски е вистинска убавица, нејзиното име има посебно значење (ФОТО)