Емотивен спомен од неговиот татко во домот Дамјан Стојановски – на повидок уште еден наследник (ФОТО)

0

Дамјан Стојановски е син на легендата на македонската изворна песна, Војо Стојановски и новинарката Евица Камберова-Стојаноска и прераснува во достоен заменик на неговиот татко, кој беше великан во народната песна.

Голема радост беше кога ладиoт македонски фолк пејачи се реши да ја побара својата девојка Елена Билеска за сопруга.

амјан и неговата свршеничка официјално кажаа ДА и нивната љубов ќе биде крунисана со заеднички живот. И токму како што вели антологиската песна на неговиот татко Војо:

„Ти донесов млада невеста, јас ја сакам од срце, деца мајко да ми изроди, родот да ми продолжи“…

така некако отприлика чинот на одлука за заеднички живот и свршувачката на својот син ги доживеа и мајката на Дамјан, која сподели заедничка фотографија со младите, синот и идната снашка, па покрај неа и самата ја изрази својата огромна радост:

„Дамјан и Елена официјално, кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа…

Да се среќни и вечни!“ – се зборовите со кои ги благослови мајката и идна свекрва младите.

Инаку Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога почина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“ – вели Дамјан и додава:

„Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“ – открива тој.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија.

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се:

„Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“. Издавањето на албумот било помогнато од Министерството за култура на Македонија.

– Јас имав 18 години кога го загубив татко ми. Тој беше име и презиме на македонската естрада и се разбира дека растев со музика и учев од него, сè што научив е од него“, рече Дамјан во една прилика.

Внукот на Војо, Влатко Миладиновски, на денот кога е Војо роден, му посвети емотивна песна на својот вујко, која Влатко и Војо ја испеале во дует.

Но, има уште еден момент кој го сподели пријател на Дамјан, синот на Војо.

Тој е во домот на Дамјан, со малото синче Војдан, кој од многу мал покажува интерес за музика.

Пријателот на Дамјан, Мишел објавил слика во домот на Дамјан, со синот Војдан како учат да свират клавир, а на клавирот емотивен спомен.

На ѕидот, стои слика токму од Војо, дедо му на Војдан кој за жал никогаш не го запозна.

Претходна статијаПред малку се огласи Јелена Карлеуша, ги спомена и децата – Ова Душко Тошиќ сигурно не го очекуваше!
Следна статијаНа моменти немав денар во џеб, со 500 денари отидов на настап: Нашата позната пејачка ја отвори душата