За поранешниот претседател оваа година е среќна! По женачката на неговиот син единец, Иван, претседателот стана и дедо, а внукот го наследи неговото име.
Поточно, на 4 април оваа година, Иван Иванов стана татко, а поранешниот претседател Ѓорге Иванов, дедо. Радосната вест на социјалните мрежи, ја сподели таткото на Јана, сопругата на Иван, Атанас Кочов:
„Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!“, напиша Кочов на својот профил на социјалните мрежи и го означи зетот Иван.
На празникот Ѓурѓовден, дедото Ѓорге и внучето славеа именден. а Иван Иванов, за првпат сподели фотографија од него, откога стана татко.
На фотографијата се гледа како го шета својот син во количка, а тие се наоѓаат помеѓу зелената оаза во нашиот градски парк, каде во позадина се вее македонското знаме.
,,Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден! За многу години”, напиша синот на поранешниот претседател.
Ваква слична фотографија, на која семејството е собрано на куп, со исклучок на Маја, денес објави еден од нашите најпознати музичари, Владимир Четкар од Охрид, (фото подолу), кој на 12. август ќе одржа голем хуманитарен концерт во неговиот роден град.
Тој дури најави и бродски превоз до местото на одржување на концертот:
„Убави вести!!! Опција за бродски превоз со бродовите Александрија 1 и 2 до бесплатниот Голем концерт на Владимир Четкар џез-соул-фанк ансамбл во кампинг Љубаништа на 12 Август! Повратни карти 300 МКД
Број за резервации за бродски превоз: 070 232 202. Поаѓање од градско пристаниште на во 18:30 / враќање по завршувањето на концертот.
Картите се продаваат на бродовите Александрија 1 & 2 и на штандот од бродовите на градското пристаниште.“
Дека Владимир Четкар и семејството Иванови се големи пријатели, покажува и фотографијата која ја објави летово Владимир Четкар. Тие беа на ручек во една од охридските кафеани.
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, често ги одбележува важните настани во државата, а денес, упати Новогодишна честитка до граѓаните:
Новата 2023 нека ви биде исполнета со многу здравје, радости, успеси и незаборавни моменти на среќа. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Семејство Иванови!