Мајката е личност која има најголемо влијание врз вашиот живот – а според психолозите – нашиот ннајголем обожавател. Длабоката врска помеѓу мајката и ќерката го отвора патот до успешен живот.
Без разлика дали сте најдобри пријателки или едната со другата се доведувате до луди ло, мајката е личност која игра одлучувачка улога во нашиот емоционален развој. Само знаењето дека е присутна на секој чекор од нашиот развој, ни дава сигурност и сила да издржиме се, не прави среќни и успешни.
Во една студија, 72 проценти од жените рекле дека кога имаат сериозен проблем, обично разговараат со својата мајка. Но, не е важно само колку е блиско нашето пријателство. Од најраното детство до денес, врската со мајката го отвора патот за нашиот успех.
Оваа извонредна врска е создадена во првите секунди од нашиот живот. Мајките се првите луѓе во кои „се вњубуваме“. При раѓањето, врската е толку блиска, што изгледа дека сме едно. Како бебиња, ние ги обожаваме нашите мајки затоа што зависиме од нив. Научивме дека ќе ни обезбедат се што ни треба.
Покрај тоа што ни даваат задоволство, мајките се нашето „рамо за плачење“. Повеќето од нас ќе се свртат кон нашата мајка, а не кон било кој друг. Сепак, постои многу подлабока причина зошто најмногу и веруваме во нејзината проценка.
Мајките не учат на систем на вредности- што треба да не лути, растажи, што е добро, а што е лошо. Резултатот е дека размислуваме на сличен начин. Од таа причина, мајката е совршената личност која може да ни помогне да разрешиме различни дилеми, без разлика дали станува збор за прва средба со маж, или купување нов стан.
За разлика од повеќето наши пријатели, ние можеме да кажеме на нашата мајка се, апсолутно с – – затоа што таа не познава подобро од сите. Понекогаш, иако сакаме да го слушнеме нејзиното мислење, тоа не значи дека треба да го прифатиме. За време на созревањето, ние исто така сме под влијание на други луѓе – пријатели и колеги.
Се стабилизира нашата личност и почнуваме да сфаќаме дека не треба да се согласуваме со драги луѓе во сите ставови и мислења. За време на пубертетот, несогласување со мајката е можно, но тоа е само привремено.
Бидејќи се од ист пол, постојат големи сличности меѓу жените и нивните мајки. Ние се стремиме да се идентификуваме со нашата мајка, но и да станеме независни, единствени луѓе.
Клучот за совршена врска е извонредната рамнотежа помеѓу некој на кој навистина можеме да се потпреме и слободата да ја изразиме нашата личност. Една од најпробл ематичните односи мајка / ќерка е препознавањето на моментот кога можеме да разговараме за се.
Можеме сами да донесеме одлука, без да доживуваме осу да. Најважно е нејзината непристрасна, безусловна поддршка и разбирање на критиката на конструктивен начин.
Односот со мајката има огромно влијание врз понатамошниот тек на нашите животи. Мајка е личност од која учиме како да бидеме жени. Силните, позитивни мајки, свесни за своите чувства и очекувања за животот, кај своите ќерки создаваат чувство дека е убаво да се биде жена.
Набудувајќи ги нашите мајки во различни ситуации – добри и лоши – учиме како да ги надминеме тешкотиите, да бидеме силни и да го постигнеме она што го сакаме. Ние едноставно го имитираме начинот на кој тоа го прави мајката.
Симна врска со својата мајка имала нашата позната презентерка и водителка Бубе Јаневска- Ивановска од Канал 5 телевиизија. Бубе на социјалните мрежи ретко објаува значајни моменти од својот живот, но овој пат, таа објави емотивно видео од својата мајка, која за жал веќе не е меѓу нас.
Мајката на Бубе си заминала од овој свет пред пет години, а водителката ја објави песната „Летај“, заедно со фотографии од мајка и. Песната инаку ја пее Андријана Јаневска, а таа и ја псовети на својата мајка која ненадејно ги напушти.