Ване Маркоски, освен што е познат Тв и радио водител е и голем хуманитарец, и бор ец за правата на животните. На неговиот Фејсбук профил често можат да се видат апели за по мош на животни, како и споделувања да се вдоми некое од нив.
-Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате. Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму. А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание. Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.
Хуманитарен карактер имаше и неговото кулинарско шоу, „Вип сезона“, додека беше дел од екипата на Канал 5 телевизија. Сите специјалитети кои ги зготвија познатите личности, гости во шоуто, беа донирани. Сега, Ване е дел од Македонската радио телевизија, тој е водител на Утринската програма.
– Сум бил директно и индиректно вклучен во многу акции, но една ќе ми остане најдрага, затоа што беше одамна и е всушност првата голема работа која ја направив. Чинам беше 2008 или 200 година, не можам точно да се сетам.
Желбата да се помогне на две мали девојчиња, кои имаа различни здравствени проблеми, ме инспирираше да организирам голем хуманитарен концерт во Тетово, во домот на културата.
Со оглед на бројот на места за публика, бевме свесни дека од билети нема да добиеме голем број на средства, но целта беше да се разбуди Фондот за здравство кој тогаш молчеше за тие случаи.
Имаше над 40 пејачи, актуелно од нашата естрада, многу волонтери, публика, луѓе кои подадоа рака. Жал ми е што тогаш социјалните мрежи не беа во екот на популарноста, па спомените се малку, но ете, и тие што останаа, кога денеска ќе се сетам на нив, ме мотивираат за нешто повеќe“, изјави водителот во Женски магазин претходно.
Тој сепак смета дека нашиот народ има голем свест. „Имаме, и тоа многу голема свест. Гре ота е ако некој го тврди спротивното. Сведоци сме биле на голем број акции, каде од нас зависеле многу работи, акции кои завршувале успешно за само неколку часа.
Е сега, жал ми е што не многу кај нас е развиена, онаа спиритуална интелигенција, која работи на зголемување на колективната свест кај луѓето. Кај нас, прво нешто треба да се случи, за да се разбудиме, а никако не ни текнува да превенираме. Тоа ми пречи“, додаде Маркоски.
Познатиот водител е инаку оптимист и има изјавено: Верувам дека во секоја ситуација, секој човек треба да ја гледа позитивната намера. Верувам дека и оние луѓе кои не прават добро, сакаат помош“, рече Ване, а во свиојот нов статус на Фејсбук тој раскажа и откри нешто мошне интересно за себе:
-И јас порано “мудрував”, па и навре дував по коментари. Нервозен знаев да закачам статус каде не внимавав дали некого ќе повр едам со тоа. Знаеле да ме стават во круг каде озборувале или биле лицем ерни, не дека и сега не им успева, ама важно е да кренеш рачна на време.
Знам како се осеќав и живеев тогаш, знам каков ми е квалитетот на животот сега.
Од оваа перспектива, навистина знам колку е тажен животот на тие што сеат омр аза и зл оба.
Тоа се навистина тажни луѓенца, иако навидум не изгледаат така. Не сакаат и они, едноставно животот им мава кло ци, бидејќи сами си се местат за така.“