Сузана Турунџиева која е по професија музичар, а инаку е писателка, водител и писателка, на социјалните мрежи споделува инспиративни мисли за животот кои им се допаѓаат на нејзините следбеници.
-Кога нештата не одат според твојот план, не заборавај дека животот има специјален “индивидуален ” план за тебе… И ќе те однесе на вистинскиот пат тогаш, кога твојот ум и тело ќе бидат подготвени за тоа..
Затоа полека… Дај си себеси време и трпение и не заборавај дека добрите промени изискуваат од тебе длабока верба и упорна работа на себе…“, рече таа во една прилика.
-Ако ги правиш нештата “ради реда” си правиш неред, себеси! Затоа, ништо со сила, ништо ради реда… Или прави (со цело срце), или остави ги другите да прават“, рече Сузана на Фејсбук во друга објава.
-Оние кои живеат “во тегла” мислат дека капачето е небо… Никогаш немој да се ограничуваш себеси поради туѓите ограничувања. Граници не постојат! Одвреме навреме мораш да се преслушаш себеси и да одлучиш дали ќе пушташ корени или ќе шириш крила… “, изјави Сузана, а вдо сликата со својата пријателка, медената Атиџе Муратова таа порача:
-Благодарение на неа, светот слушна за Македонија… Не однесе во Холивуд и не претстави како никој досега… И покрај тоа што Македонија со ништо не ја испочитува и не и возврати за нејзиниот успех, таа не се откажа од неа… Се уште многу ја сака и и верува на оваа земја…
А се што сакам јас е да бевме подобри во срцата, да не боле-дувавме од колективна амнезија, да знаевме да вреднуваме и да се радуваме наместо да игнорираме и мајтапиме, и да не чекаме постхумно да наградиме некого… Тогаш е доцна за се… Озд-рави Македонијо моја. Оздравувај побрзо, немаме време за губење“, објави Турунџиева за Атиџе.
Во јули,во 2016 година, ненадејно си замина нејзиниот партнер Марјан Јовановиќ кој е татко на нејзината ќерка Матеа. Во една интервју, Сузана изјаваи дека Маријан ја сакал повеќе од животот и ако човек некогаш сакал жена, тоа бил Марјан кој ѝ беше голема потпора во животот и многу ѝ недостасува.
Партнерот на Сузана беше познат скопски угоститетл, а негов ресторан „Носталгија“, каде што излегуваа многу скопјани, а се организираа и доста веселби со различен поводо во воој објект. Сузана нашла стар привезок токму од овој ресторан, кој и разбуди спомени за својот сакан и на овој начин ги опиша на својот Фејсбук профил:
-Кога после многу години низ фиоките во кои чуваме сешто,( а не знаеме зошто), ќе пронајдеш приврзок на кој некогаш си милел дека ќе ставиш клуч, (а никогаш не си го ставил) сфаќаш дека приврзоците не ни служат само за да ги осигураме и организираме клучевите, туку за да не приврзат кон нешто, некого…
Иако претераното (при)врзување не е здраво и препорачливо, бидејќи не врзува и држи во минатото (кое некогаш умее да боли) не престанувајте да подарувате приврзоци, бидејќи на тој начин се поврзувате со оној на кого му подарувате…“, порача Турунџиева.