Фолк -дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш ја заинтригира јавноста, а бидејќи вратите од нејзиниот дом на Дедиње не беа отворени за јавноста, фотографиите на социјалните мрежи можат да покажат во каков луксуз ужива пејачката.
Цеца ја украси вилата онака како што може да ужива. Нивната вила има неколку ката, мермерно скалило, украсна бакарна ограда и големи мермерни столбови.
Има и други детали кои се внимателно избрани, што укажува дека Цеца има стил.
Декоративни свеќи и рамки се составен дел од нејзиниот прекрасен дом.
Завесите потсетуваат на оние што можете да ги видите во најлуксузните хотели.
Семејството Ражнатовиќ речиси го реновираше својот дом, па во него има базен, во кој постојано уживаат.
Цеца сега е сама во вилата, откако Анатасија живее во свој стан и во куќата на својот дечко во Нови Сад, а Вељко во Тител, во куќата на сопругата Богдана.
Но, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ призна дека со задоволство би ги спакувала куферите и би се вратила да живее на село.
Пејачката која е со потекло од Житораџа вели дека и се смачило од Белград каде живее 32 години.
-Сакам да се вратам на село, но обврските не ми дозволуваат, се гушам од смогот во Белград, но трпам, вели Цеца и додава дека нејзиниот син Вељко го сака селскиот живот, па затоа решил да живее на село во Тител.
Таа додава дека тој уште како дете го сакал селото, бидејќи таква средина му влевала мир и затоа изгради свое царство далеку од градот.
-За разлика од Вељко, на Анастасија и одговара градот, работи на некој нови песни, а истото го правам и јас, па очекувам наскоро да започнам да снимам, вели Цеца.