Таа има 4 деца, а тој 5 – Александар Маленко повторно рипна во тавче?

0

Рекордер по број на разводи во Македонија, дефинитивно е Александар Маленко кој има дури четири брака зад себе.




Поранешниот пливач најпрво стапи во брак со Сузана Турунџиева со која ја доби првата ќерка Лора. По втор пат стапи во брак со актерката Јелена Жугиќ со која го има неговото второ дете, синот Ахил..




Потоа следуваше и неговиот трет брак со русинката Татјана со кој дојде и третото дете. За сега, негов последен брак е тој со Фанче од Охрид, со која има два сина.




Зад него, во врат му дише водителката Лила Стојановска која зад себе има два брака. Од првиот брак таа го доби својот син, Филип, а по втор пат стапи во брак со фронтменот на групата “Арија”, Орце.

Таа често знае да се пошегува на оваа тема, велејќи дека повторно ќе се омажи кога ќе дознае која е тајната на среќниот брак.




Два пропаднати брака зад себе има и дивата Калиопи која најпрвин се омажи за композиторот Ромео Грил со кого го има синот Пако, а потоа му кажа “да” и на актерот Васил Зафирчев. Иако романсите завршија неславно, пејачката е во супер односи и со двајцата.




Развод, пак, кој ја потресе јавноста ширум овие простори беше оној на Емина Јаховиќ и турската ѕвезда Мустафа Сандал кои по 10 години поминати заедно се разделија, а пејачката преку отворено писмо кое го објави на Инстаграм откри дека останале во добри односи затоа што среќата на синовите им е најважна. Но ова не е прв развод за Емина, таа стапила во првиот брак кога имала 17 години, но се развела по само шест месеци.




Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ. После две години врска, двојката се венча во 2004 година и започнаа заеднички живот. Иако се делуваше како бајка, после три месеци парот поднесе документи за развод,




а српските таблоиди објавија дека пејачката била фатена во нев еp -ство со тел охра нителот  и тоа во автомобил пред нивната куќа. Неколку години подоцна пејачката се омажи за фудбалерот Душко Тошиќ со кого има две ќерки, Ника и Атина, а нејзиниот екс сопруг, исто така, е во среќен брак и има две деца.




Последниве неколку месеци, Маленко објави, или беше тагиран на неколку фотографии, во друштво со поранешната словенечка пливачка, Метка Спаравец. Таа сега на своето презиме, го додаде и Маленко.




Веста дека запловиле во брачните води, денес ја објави Метка Спаравец на социјалните мрежи. Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца, пренесува Убавина и здравје.




Маленко ја нема потврдено информацијата, а доколку е точна, ова е би бил петти брак на Александар Маленко. Последно беше женет за охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.

Претходна статијаМаја Оџаклиевска сврте нов лист во животот: Тоа ќе биде подобра врска од оваа овде (ФОТО)
Следна статијаИгор Џамбазов се огласи по петтата женидба на Маленко и кажа што мисли за тоа (ФОТО)