Шабан Шаулиќ не сакаше само eдна своја колешка, еве зошто ѝ беше многу лут и не ѝ прости

0

Шабан Шаулиќ, кој од овој свет си змаи а пред две години, многу колеги, пријатели и обожаватели го испратија до вечениот дом.

Меѓу нив беше и вонбрачниот син Роберт, кој со своето присуство привлече големо внимание на јавноста, а многу се шпекулираше за неговата врска со Шабан, како и гласините дека тој не бил пожелен во семејството и дека неговиот татко никогаш не го прифатил како негово дете.

Сепак, извор близок на семејството Шаулиќ ја открива наводно вистината како и тоа што остана во наследство на Роберт.

– За Шабан се знае дека го прифати татковствоto без двоумење, тој никогаш не го постави прашањето, но отворено рече дека Роберт не е дете родено од љубов. Гоца знаеше пред Шаулиќ да се ожени со неа дека има вонбрачно дете и таа се обидела да го приближи Шабан со него.

Мајката на Роберт, Невенка, работеше во Германија во тоа време, додека детето растеше со нејзините родители во близина на Зрењанин. Тогаш Гоца и предложи на Невенка таа и Шабан сакаат да го посвојат Роберт, да го пораснат со своите деца. Но, Невенка одби.

Таа не сакаше да му дозволи на својот син да живее со Шабан, но побара да направат куќа за нив. Тоа беше во 1978 година, Шабан и Гоца дадоа околу 100.000 марки за изградба на куќа – рече изворот.

Пејачот Хасан Дудиќ, исто така, потврди дека сите обвинувања дека Роберт бил одбиен од семејството Шаулиќ се неточни, и откри за што сведочеше тој, како пријател во куќата на Шабан.

– Така е. Гоца лично дала пари на мајката на Роберт да направи куќа за себе и своето дете, тоа беше во седумдесеттите години на минатиот век. Знам сè за тоа и можам да сведочам, треба исправно да зборуваме.

Гледам многумина сега коментираат дека Гоца не дозволила Шабан да остане во контакт со Роберт, а тоа се лаги и измислици. Шабан можеше да го види својот син и да разговара со него кога сакаше.

Тој на неговото последно испраќање ми рече дека е многу тешко за него заради заминувањето на Шабан, тој плачеше. За него беше навистина тешко кога ми рече: „Чичко, ќе одам да влезам во капелата за да искажам сочувство на Гоца, моите сестри и мојот брат“, Роберт е многу добро момче – рече Хасан.

Шабан Шаулиќ секогаш ја поддржувал Александра Пријовиќ и нејзината кариера, а потоа одеднаш и се налутил и тоа многу и не можел да ѝ прости до крајот на животот.

Имено, како што пишуваат медиумите, Пријовиќ еднаш ја отфрлилa песната на кралот на народната музика, која до тој степен го навредила Шабан, тоj многу ѝ се налутил на малдата колешка.

– Направив прекрасна песна за која се уште никој не знае и најпрвин помислив таа песна да и ја подарам на малата Пријовиќ. Песната е многу интересна и вели: „Јас не сум калуѓерка, калуѓерка, манастирот не е мој дом…Сепак, Пријовиќка се налути и ја откажи мојата песна, не знам зошто.

Бидејќи тоа нема да биде адекватна песна за неа, што за неа е огромна грешка. Мислам дека многу згреши што не ја прифати мојата песна и дека многу ќе се покае, ама боже мој. Тогаш таа песна и ја подарив на Билјана Марковиќ, таа одлично ја испеа и мислам дека одлично ќе помине – изјави своевремено Шабан.

Претходна статијаВане Маркоски има повод за частење, се пофаоли на Фејсбук: Нека се множат!
Следна статијаОпулете се ваму: Се огласи минстерката за култура по повод дивите платформи, а се јавија и газдите на „Куба либре“ (ФОТО)