Маленко го изгаси профилот на Фејс, откако се ожени го снема од јавноста

Пливачиот Ас и потранешен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко, секогаш отворено зборува за состојбите во пливањето кај нас.




-Во една поранешна држава постоел систем за спорт. Што сакам со тоа да кажам? Имате отворени пливачки базени, народски кажано, или ние ги викаме 50-метарски олимписки базени и имаме 25-метарски покриени зимски базени, коишто ги напоменав. Тоа стана една политичка мода во последниве седум-осум парламентарни предизборни ветувања.




Периодот е од 2002 година, но би рекол веќе медиумски, за жал, покриено со ла жни ветувања од било кои политички партии, но и политички функционери на државно и локално ниво, со предизборни ветувања за изградба. Многу добро се сеќаваме на 40 спортски сали, 40 базени, па имате потоа национален интерес за изградба на 50, 100 тениски терени, стадиони, базени и т.н.




Ниту еден базен не е остварен, ниту една шајка не е закована, освен лопата за сликање пред медиуми. И уште едно големо, за жал, пред сѐ од јавниот, од нашиот народски буџет, на годишно ниво, со пренамена на буџет во име на спортска инфраструктура од национален интерес, последните 10 ипол – 11 години, се одземени од државата, име на изградба на спортска инфраструктура над 600 милиони евра.




Значи, еве уште еднаш ќе повторам, над 600 милиони евра. Тоа е цифра која еве ќе ја преведам во спортски речник, три стадиони „Сантијаго Бернабеу“ или ако сакате два „Стемфорд Бриџ“. Еден базен во официјална фактурна цена е 57 илјади долари со рок на испорака и монтажа од 120 работни дена.




Ние за охридскиот фамозен пливачки базен од 2013 година, денеска е 2021 година, потрошени се 5,59 милиони евра, од јавно биро за набавки имате комплетна информација, како и 1,7 милиони евра адаптација. Најскап базен во светот, никогаш неизграден, во моментална ситуација само столбови.




Во летниот период насекаде се организираат школи за пливање од комерцијална пригода која, за жал, не е никаде евидентирана, односно со никаков успех во делот на развој на пливањето и како што напоменав, уставно демократско право на секој граѓанин да се рекреира и да научи да плива, согласно европската повелба која е донесена во Европскиот Парламент и исклучиво оди под надзор на инструктори за пливање со лиценца од Пливачка федерација.




Тоа, за жал, сѐ уште државата и законската институција за спорт – Агенцијата за млади и спорт, не го применува, односно не го имплементира. Значи имате летни базени и во Штип и во Струмица, Гевгелија, Кочани и т.н, коишто за жал, наместо системски да се реновираат, реконструираат и да дадат системска работа 365 дена, тоа не се прави свесно, затоа што од базените се прават дискотеки, кафулиња, ноќни клубови и сето тоа нели оди во име на спортот, преку една таканаречена школа за пливање која работи преку ден, без никаков ред и поредок“, изјави Маленко во Слобода Европа.




-Јас бев прогласен за пливач на векот по шест европски медали, една светска младинска титула и во апсолутна категорија шести и деветти во свет. Во 1997 година бев прогласен за младински олимписки спортист на Балканот.




Тоа време, би рекол, не само што трениравме, имавме системска работа согласно сите правила и прописи. За жал, од Олимписките игри во Атина 2004 година, последните 16 години се премина на комерцијализација и рекреација во име на врвниот спорт.




Повторно ќе напоменам, заради немање на систем на работа, немање на систем на вредности, променети критериуми за врвен успех, спуштена летвичката на најниско можно ниво, ако порано била од 8 до 10, сега моментално е од 0 до 1 ипол за врвен успех“, додаде тој.

Неодамна, тој по петти пат се ожени, и тоа со неговата колешка која е исто така поранешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија. таа има честири деца, а тој пет од претходните бракови.




Метка на Фесјбук објави дека се омажила за Маленко, а медиумите таа вест ја пренесоа. Потоа таа го додаде и неговото презиме на Фесјбук. Откако се ожени, Маленко не е активен на социјалните мрежи, тоест, го снема од Фејсбук и сосема се повлече од јавноста.

Претходна статијаУбавата водителка Јана ги оствари своите неостварени соништа, поврзани со најпосакуваниот маж (ФОТО)
Следна статијаОва е љубовната приказна на Драган Бјелогрлиќ и на убавата Маја, се запознале на необичен начин