Калиопи откри кога ќе се пензионира, и од што сака да се отараси: Доволна белја сум си сама на себе

0

Калиопи Букле во овој период многу ретко се појавува во домашните медиуми, а му беше гостинка на водителот Ненад Георгиевски во Утринска на Телма, и ѝ даде комплимент дека изгледа супер и се подмладува, па ја праша, што правиш ти Калиопи, а таа одговори:




-Што правам, впрочем како и сите ние. Си го живеам животот на свој начин. Се разбира опружена сум со убави луѓе, со музика. Добро, сега пандемијата малку не покоси сите, качивме по некое килце, така да од понеделник Афродита С ме чека во нивниот салон да почнам со третмани и со слабеење.




Затоа што се надевам дека оваа приказна со пандемијата ќе заврши што побрзо, и ќе можам да им се вратам повторно на своите концерти, во студио со Ромео“, рече Калиопи.

Потоа со Ненад констатираа дека се немаат дружено уште од времето на шоуто Македонски Идоил кој се емитуваше на тогашната А1 телевизија, а Калиопи сега поретко ја има во македонските медиуми, но рече дека се труди да одговори на секое барање.




-Сега сум заробена дома, порано не можев, затоа што често патував, имав концерти, но „Калиопи фан арт“ го организиравме во првите четири месеци откако започна пандемијата, за да ги активирам моите фанови, за да ги одвлечам од бо лно секојдневие.




Јас сум секогаш позитивно насочена, и со мисла и со дух и верувам дека секое лошо за добро е“, рече Калиопи, а потоа на момент престана да зборува за да ја намести камерата, а водителот ја праша:




„Ова кученцето ли е со камерата“, на што Калиопи одгвори: Не, кученцето го нема веќе одамна, а водителот праша: Мислев да не направи некоја белја. Калиопи на ова одговори: Доволна сум си сама на себе со белјите.




Потоа Калиопи раскажа дека имала добри 25 концерти во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а по пандемиата, откако се отвориле можностите таа имала уште два концерти во Ниш и во Грделица, а таа посакува да има уште.




– Сите бевме во прашаници што ни се случува, потоа до кога оваа ситуација ќе трае, сега веќе нема прашалници, сега веќе си викаме, конечно да зварши, затоа што на сите нас ни е малку преку глава од целава оваа ситуација.

Се крча се работи, нема кај мене одмор, се додека не отидам во некоја пензија, ама таму, понатаму, за едно 15-20 години. Искрена да бидам, Ромео работи на албум во Швајцарија, тој е неуморен, секојдневно создава нешто во своето студио, јас тука дома исто така работам.




Паралелно подготвувам музика за балет, која што ќе ја споменеме понатаму, кога се ќе биде договорено, и ќе ви го соопштам секако и тоа. Во моментот само размислувам на тоа да си се вратам на онаа моја Калиопи, која што и оние другите сакаат да ја видат, и визуелно и секако.




Затоа што ова чудно време на сите нас влијае. Колку и да сакаме да кажеме НЕ, ама влиаје, и дефинитивно сакам да се отрасам од сите негативности коишто ова време ми ги создаде, така што добро, е, се движам, на добар пат сум“, изјави Калиопи.




За крај, Калиопи рече дека е среќна жена што го познавала Тоше Проески и што можела да сподели и време и моменти и радост и тага со него, и рече дека неизмерно многу ѝ недостига, како и на сите нас.

Претходна статијаЕве што ѝ порача Ребека на својата внука Кјара која стана инфлуенсерка во Нов Зеланд (ФОТО
Следна статијаНАЈПУФНАСТИТЕ МЕКИЦИ СО МЕУРИ: Со 1 чаша јогурт и 1 јајце ќе го добиете најдоброто тесто