Игор Џамбазов се огласи по петтата женидба на Маленко и кажа што мисли за тоа (ФОТО)

0

Нашиот познат пливач Александар МАленко е трикратен учесник на Олимписките игри (1996, 2000 и 2004 година), светски младински шампион, двократен европски младински шампион, сениорски вицешампион на Европа, деветкратен спортист на Македонија и двократен спортист на Балканот.




Ова седел од признанијата кои лесно можат да се пронајдат во резимето на Александар Маленко, еден од најдобрите спортисти што испливале од Македонија, буквално, објави Екипа во една прилика.




По настапот на Олимписките игри во Атина, Маленко се повлекува од базените, го продолжува своето образование во Русија и повторно се враќа во Македонија.

Од тогаш, препознатлив во јавноста и како постојан нагласувач на сите аномалии во домашното спортско живеење, овој пат во отворен разговор со ЕКИПА за актуелната незавидна ситуација во која е западнат македонскиот индивидуален спорт.




Јас секогаш сум на страна на врвен спорт. Почитувам рекреација, хоби, а не почитувам лага, превара преку ментален склоп и медиумски и „експертски“ претставен како врвен спорт. Зошто е тоа така допрва ќе излегува во медиумите секако доколку имаме професионална седма сила и ја пренесува вистината за македонскиот спорт, изјави во Утрински брифинг Александар Маленко.




Генезата на проблемот и поделеност постои веќе два олимписки циклуси. Тоа го направи поранешниот режим.

Поделеноста започна кога политиката преку Агенција за млади и спорт во последните 10 години уништи критериуми кои претставуваат основ за воведување на професионален систем на работа.




Во Македонија се уште не постои Закон за спорт кој е меѓународно признат. Федерациите не можат да бидат шалтер на Агенцијата, смета Маленко.

Но, освен по своите спорстки успеси тој е актуелен и впо својот приватен живот. Освен Лора која е негова единствена ќерка од бракот со водителката Сузана Турунџиева, поранешниот македонски пливач Александар Маленко има уште четири сина.




Маленко беше во брак и со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил. По третпат се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна Фјодорова која ја запозна во перидот додека беше на привремена работа во Москва. За Татјана ова беше четврти брак. И со неа Маленко има син.




Со последната сопруга Фани од Охрид, поранешниот пливач има два сина кои понекогаш ги објавува на социјалните мрежи. Минатата година Маленко се разведе од четвртата сопруга, а во медиумите изјави дека тоа не вест која треба да ја интересира јавноста.




Маленко по петти пат се заколна на вечна љубов, овојпат со негова колешка, поранешната словенечка пливачка Метка Спаравец со која веќе некое време објавувал силики на социјалните мрежи.




Очигледно двојката се познава уште од Летните олимписки игри во Атланта каде што и двајцата се натпреваруваа, откако Маленко напиша дека по 26 години кажале „ДА“.

Денеска петтата женидба на Маленко е хит тема во медиумите,откако Метка го означи Маленко во објавата и таа обзнани дека се во брак. Метка Спаравец на своето презиме на Фејсбук веќе го додаде и прзимето на Маленко.




Игор Џамбазов даде коментар во свој стил, а бракот на Маленко и на Метка го поврза со грејната сезона која по правило треба да започне. Александар Маленко се оженил по петти пат. А овие парното еднаш не го пуштија ко што треба. Ој животе, ладен радијатору!“, напиша Џамбазов.

Претходна статијаТаа има 4 деца, а тој 5 – Александар Маленко повторно рипна во тавче?
Следна статијаМакедонските Мисици во зрелите години се споија со една цел, и покажаа зошто толку добро „се држат“ (ФОТО)