Директорот на Скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, познат по прекарот Чомбе претходно беше менаџер на скопски ноќни клубови, и многумина го осприја неговиот избор за директор на Зоолошката на почетокот.
– Во секоја светска метропола, ако одите туристички да речеме, ве носат да го видите плоштадот, некои споменици и знаменитости на градот, потоа доааѓаат институциите како Зоолошки градини.
Ние сме имале можност да видиме дека сегде во светот зоолошките се најпосетени објекти, кај што младите прво се едуцираат, поминуваат еден ден и тука ни беше целта да се претстави како една традиција на Скопје и да биде едно главно собиралиште на сите граѓани од цела држава.
Да може секој да дојде, да се прошета, да уживаат во текот на денот. И ни успеа, бидејќи ја доближивме до сите, преку социјалните мрежи, преку исцрпната тимска работа, тоа ни беше главната цел.
Пандемијата влијаеше и тоа како, бидејќи лани почна пандемијата, ние бевме едни од институциите кои доброволно први затворија. Од максимална посетеност од 15.000 посетители неделно, затворивме. Бидејќи институцијата ја одржува прво Град Скопје потоа е со самофинансирање – тие три затвоpени месеци – беа навистина тешки.
Среќа имаме соработка со Градот – не поддржа и спонзорите беа тука да ни помогнат. После тие три месеци, отворивме во Јуни, со целосно почитување на протоколите, цело време запазуваме – носење на маски и одржување растојание, на вработените првично, потоа и на посетителите, но сепак ова е отворена институција, отворен објект и може да функционира.
Па да, пред да станам директор бев многу активен во ноќниот живот. Бев менаџер од мои 17 години. Работев во дискотеки, организирав настани, голем дел на концерти на музички звезди.
Но, знаете мора еднаш да прекинете со сето тоа, доаѓа време кога треба да се насочите кон животот малку посериозно, да се насочите на друга работа – бидејќи сепак тоа е ноќна работа, ми беше напорно на почеток, да ја направам целата трансформација, беше напорно, но со тек на време се навикнав.
Социјалните медиуми станаа главен критичен фактор во државава, и тоа не е лошо. Тоа е она за што се бореа сите, и зашто сеуште се борат, да има слобода на говор и слично. Се справувам со своите резултати и со работата што ја вршам, не обрнувам многу внимание на критиките, некои се добронамерни некои не се.
Но најважно е да биде сè сработено како што треба, критиките и пофалбите ќе дојдат сами по себе.
Прашина се крева можеби бидејќи поголемиот дел од животот сум бил дел од ноќниот живот и во тие кругови. Ѓорѓи, Ѓорѓи е обичен млад човек што сака да се дружи со своите другари, сака да шета во странство, да посетува други зоолошки, да ужива во животот, и сè што треба да прави еден млад човек. изјави претходно Галетановски во интервју за frontline.mk
Денеска, на повеќе медиуми е објавено готово, ПР интервју со него, каде што раскажува како од менаџер на клубови станал директор на ЗОО Скопје, како и за неговите ангажирања во Зоолошката.
-Кога се смени локалната власт, сегашниот градоначалник решил оваа институција во срцето на градот да го добие вистинското место, седнавме направивме план и мислам дека ни успеа. А инаку јас се уште се доживувам како менаџер, но сега во поинаква функција. За децата и сите граѓани.
За вашето назначување имаше и позитивни но и негативни реакции во јавноста. Ви пречеа ли негативните?
– Не ми пречеа, напротив ме мотивираа повеќе. Па видете, и не може сите да ве сакаат. Тогаш е најважно да се фатите за работа и да сфатите дека сте сервис на народот.