Фолкерката Сани побара пари за да оди да гласа на избори и објави новост за враќањето на Мерак меана (ФОТО)

0

Мерак Меана е најпопуларната Тв емисија за народна музика која се емитуваше на Сител ТВ, а многу наши познати ѕвезди од фолк естрадата пееја песни постари, подзаборавени, но и нови популарни, кои се пеат со мерак за душата.




Мерак меана е музичка емисија во која се пеат најубавите песни од Македонија и Балканот, а емисијата се емитуваше и сабота и во недела. Водител на емисијата е Трајче Толевски – Мајка од групата „Скопски Боеми“.




-Драги наши мераклии, со ваша љубов успеавме да стигнеме до 4000 лајкови и над 4300 следења на нашава мераклиска страна! Ви благодариме со полно срце за сета љубов, продолжете да не’ следите и се надеваме во најскоро време дека ќе ве израдуваме со ново-снимени емисии!!!

Ви праќаме мнооогу љубов’, напишаа мераклиите на својата Фејсбук страница во една прилика.




Композиторт Борче Нечовски, кога гостуваше во емисијата Магазин на Сител, отворено зборуваше за состојбите на македонската музичка сцена, а зборуваше и за Мерак Меана меѓу другото и за тоа каква според него треба да биде.




-Пазарот си изискува квалитет. Квалиетот ќе биде добро платен, неквалитетот недобро, и ќе има градација. Штом нема градација, кај нас е и првата и втората, и третата и четвртата во едно купче. Истото се случува и во „Мерак меана“.




Секаде се случува истото, и прва и четврта лига на едно купче. Тоа никаде го нема, само овде. Пријателска база. А, пријател ми е Борче, па нема проблем…Извинете што вака звучам, но ова е правата слика“, рече Нечовски.




-Одржуваме кондиција за Мерак Меана. Ајде ко вид, оди си, ни’ се пее, ни’ се весели! Мераклии, да се потсетиме на една убава емисија која ја снимавме на денешен ден пред 2 години, кога смеевме слободно да се гушкаме и да пееме“, пишува на страната на Мерак меана сега кога заради протоколите не се снима емисијата.




Една од пејачките кои пееја во веселата Меана е Сања Сани Грозановска, нашата аткрактивна пфолк пејачка. Сани на денот на изборите се пошегува: 1000 за мојот глас. Вашите влогови ве молам.




Потоа, Сани уште еднаш се јави на Фејсбук и напиша: Се уште не гласав. Некои пријатели се пошегуваа со ена: Оди, даваат по 100 евра, еден пријател напиша: 2.000 денари? А Сани одговори: Не облакам кондури за 2000 денари.




Младиот пејач Огнен Здравковски кој пее повеќе забавна музика, а учествуваше и во натпреварот Звезде гранда, објави слика со Сани, токму од студиото на Сител и напиша дека се во „Мерак меана“.




Останува да видиме дали популарното ТВ шоу се враќа на екраните или огнен објавил стара слика со убавата Сани. Враќањето на Мерак меана сигурно дека би израдувало многу луѓе, обожаватели на убавата македонска и балканска песна.

Претходна статијаСака постари жени, последната му беше 19 години постара од него: Љубовнит живот на главниот лик во филмот „Тома, Милан Мариќ
Следна статијаНе го гледав филмот Тома, Ана Бекута откри која е причината