Еве како познатиот наш музичар се подготви за денот која кесите во маркетите ќе бидат 15 денари (ФОТО)

0

Собранието ги усвои Законите за управување со отпадот, за управување со пакување и отпад од пакување, за управување со дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.




Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.




За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.




Овие шест закони за управување со отпад ќе имаат конкретно влијание врз граѓаните и компаниите во земјава. Меѓу бројните промени, од 1 декември 2021 година пластичните ќеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари по парче, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.




За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Подготовката на законите траеше долг временски период, со учество на меѓународни и локални експерти, преку консултација со засегнатите страни, општините, колективните постапувачи и комуналните претпријатија, невладиниот сектор и јавноста,




со цел вградување на потребите на засегнатите страни и втемелување на принципите на заштита на животната средина во еден функционален систем кој конечно ќе биде имплементиран соодветно и во пракса, појасни министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.




Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава.




Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени.




И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието на РСМ го одолговлечи нивното донесување.




Многу граѓани шеговито реагираа на оваа најава,а на социјалните мрежи се појави видео пародија од човек во Англија кој не сакајќи да плати за чеса, сите продукти ги носи во своите џебови, па дури и ананас и лименки со пијалоци.

Познатиот диџеј Маријан Петровски- Мац се вели дека се снашол и штедел и тој на Фејсбук објави дека е подготвен за 1 декември, денот кога ќесите ќе поскапат.

Тој објави слика со многу ќеси до него и напиша:

Збогум сиромаштијо .. 15 ден ќеса ??? Некој штедел за еден ден да имa“, објави диџејот.

Претходна статијаКолку си убава Ане: Познатата македонска водителка објави слики од кои многумина се најдоа зачудени (ФОТО)
Следна статијаСе огласи бившата на Дарко Лазиќ, и откри колку пари бара од него месечно за детето