Актерот Дац прогнозира: Нашите ќе победат

0

Познатиот актер Драган Спасов- Дац во една прилика, за порталот Мајка ти и татко ти на интересен начин се има опишано себеси и својата биографија, почнувајќи од родителите, синовите, сопругата и ќерката Јана.




-Јас сум производ на љубовта помеѓу Стево Спасовски и Лидија Лучко. Роден сум 1963 година во најубавиот месец во годината Април и на најубавиот ден во тој месец, 20сети.




Во 1963 година беше издаден првиот албум на Битлси, ФНРЈ стана СФРЈ. Победник на оскарите беше “Лоренс од Арабија” Ум p е папата Иван XXIII

Валентина Терешкова е првата жена во вселената, Скопје го погоди земјо трес,
Оснoван е “Ламборџини”, Беше извршен атен тат на Кенеди




Харвеј Бал го измисли “смајли” … Smile …и се родив јас. Моите најголеми достигнувања се моите синови, Јаков и Стефан, мојата прекрасна сопруга Весна и нејзината (читај нашата) ќерка Јана, неколку улоги во театар, телевизија и филм и… отприлика тоа би било се.




п.с. Сакам сè што сакаат младите“, е описот на Дац кој изминативе месеци е сктуелен по дуетот со Александар Митевски, и направија многу свои песни и преработки што луѓето од повеќе генерации ги слушаат со задоволство.

Инаку Дац дипломирал на Факултетот за драмска уметност, Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, во класата на Проф. Слободан Унковски. Од 1992 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Тој беше и директор на Македонскиот народен театар.




Има добиено награда за најдобар млад актер за улогата Ѓорѓе Пиже во претставата „Не сега драга, најдобро е попладне“ од списанието Екран. Потоа, награден е за најдобро театарско остварување за улогата на Џанго во претставата „Грев или шприцер“ на 28-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.




Исто така, има добиено награда за најдобро театарско остварување за улогата на Розенкранц на 30-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп, како и награда за епизодна улога Димче Трајковскиза улогата на Тимчо во претставата „Ни ќар ни зијан“ на 31-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.




Добил и награда Златна Маска на фестивалот Охридско лето за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“. Дац е награден за најдобро театарско остварување за улогата на Симон во претставата „Диво Месо“ на 36-от Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп.




Има и признание за најдобар актер во 1994 и 1995 година во Драмски театар Скопје. Ова е само дел од неговата богата кариера, а на социјалните мрежи се популарни неговите статуси и приказни.




-Кога ќе ти остане парче срце, подари го на некого… Кога имаш повеќе љубов, остави ја на видело…

Кога ќе дадеш дел од себе, додели го на најмило… Кога ќе ти остане малку живот
чувај го за што-било! ДСД“.




Ова е дел од неговата поезија која ја објави неодамна на Фејсбук. Во својот нов статус кој е позврзан со претстојните ибори, Дац се прашува: Нашите ќе победат.. Што ќе правиме со изгубениве?

Претходна статијаНаправете лук во маслиново масло – cрцето и кpвните садови ќе ви кажат фала
Следна статијаФолкерката Сани за настапот во Ѓорче: Побрзајте, да не слушате од игралиште!