За Сања Барбика нема криза, си летна од Македонија на печалба (ФОТО)

0

Една од нашите најатрактивни пејачки е Сања Цинцева пзоната како Барбика, а позната е и нејзината изјава дека е таа најдобра, па десет места празни, па потоа колешките Сузана Гавазова и Елена Велевска.




Минатата година, Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев. Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.




Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации.




-Песната за кратко време има голем број на прегледи, можам да кажам дека успеавме! Заедно со Џамбо Агушев имаме ХИТ и кога веќе зборуваме за критиките, мислам дека не постои пејач кој што немал критики во одреден период од својата кариера.




Јас мислам дека и тоа е успех затоа што ако немаш критики, под дифолт треба да се запрашаш зошто е тоа така.

Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура.




Не бираат зборови кога навредуваат, а за мене тоа се злобни, неуспешни и нереализирани луѓе.

Очигледно немаат што да прават во својот живот, несреќни се, па затоа плукаат и хејтаат по се. „Барбика кралица“ е нов звук на овие простори, досега немало ваква тема, па затоа е и критикувана.




Морам да нагласам дека има и многу позитивни коментари, но нели, како и секогаш, ние прво се „фаќаме“ за негативните…

Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката тогаш. Нејзината најнова песна која има провокативен наслов ја опиша порталот Кумановски муабети на интересен начин.




Сања Цинцева е млада македонска научничка која сака да научи како се имунизира, откако претходно ги има совладано сите лекции во областа на вирусот.

Сепак, не е до крај јасно дали Цинцева е научникот или пациентот во оваа песна и видео запис во кој некој учел како се монтираат видеа.




Цинцева порачува да не ја ингорирате, да ја дезинфицирате и да и ја измерите топлината, бидејќи оган ја облива. Вели дека треба да дегустирате полека, а не на екс“, велат од Кумановски муабети.




Цинцева како и секогаш изгледа топ и додека нејзините колеги допрва почнаа со настапи низ Македонија, таа летна за Швајцариј на печлаба и ги изрекламира своите настапи во Луцерн кои се еден по друг ден.

Претходна статијаГавазова, Спасовска, Стојне, Зуица, еве што ги спои најзгодните фолкерки на едно место, Ирена најдобро ја знае причината (ФОТО)
Следна статијаЕве каква била Богдана како дете, без силиконските усни и пред да ѝ стане снаа на Цеца (ФОТО)