Деновиве во јавноста се појавија слики од Петар Георгиевски- Камиказа, кандидатот за градоначалник на Скопје, познатиот музичар кој е основач на групата „Меморија“ за кој е познато дека редовно спортува.
Перо Камиказа е сликан во теретана, а сликите се од мај минатата година. Еве за што всушност станува збор и зошто Перо ги објавил овие слики на Фејсбук и каков предизвик поставил, а се однесува на приказна поврзана со Боки 13.
-ЗДРАВКО КОЧИШКИ – БОКИЦА
9. “ПРЕДИЗВИК”
Се бавевме со могу сериозни теми, па петочки ресив да му дадеме едно друго светло на приказнава со Бокица, а од понеделник ќе продолжиме со “суро-вата вистина”.
Еве го предизвикот за Здраве Бокица: Те предизвикувам на бокс, кик бокс, ММА, Таи или каков сакаш спортски натпревар, за да мозеш конечно да се изразис “слободно” и физички да се обрачунаш со мене! Пошто си научен да играш со предности за тебе, еве пак ќе ти понудам неколку.
Прва предност – да бираш која сакаш рака да ми биде врзана. Втора предност – да останеш две минути на нозе, доколку се случи ова второто, да останеш на нозе 2 минути, ти си победник!
Втор предизвик: Те предизвикувам во борење – јудо, јиу јитсу или све заедно измешано (слободен стил), кој прв ќе удри со раката у татами губи! прва предност – врзана рака по твој избор. втора предност – да останеш 2 минути во борба, а да не те туширам.
Доколку и твојот ментор Коста Кипровски реши да учествува, може да е втор во редот после тебе, се разбира доколку ти не ме решиш. Со исти услови!
Предлагам место на настанот да биде старото Скопско лизгалиште, а цела логистика вклучувајчќи и боксерски ринг, со пропратни и музички ефекти ќе ги направи КЛС Евентс, да не се тураш у непотребен трошок, ќе обезбедиме и брза помош за недај Бо-же.
За овој настан ќе отвориме и јавна кладилница, а сите пари добиени од влезниците и кладилниците, доколку јас добијам, одат во СОС Детско село како донација. Доколку ти добиеш можеш да ги поделиш со пријателите и да ме посрамиш за век и векова!
Без разлика на се, ќе пробам да дадам се од себе, на “ФЕРКА”, како што викавме на времето у маало, плус снимакот “кај што ми пре-тиш дека ќе ми ги крш-иш забите” ќе го избришам заувек (иначе изузетно вреден снимак, за обид за физи-чки напад), нема да го поднесам 200 страни дебело досие за твоите дејанија и едноставно ќе станеш ѕвезда!
П.С. Драги пријатели, мислам дека со овој текст ви ги олеснив маките, и знам дека не можете да го најдете никаде на Фејсбук нити пак некаде постои овој лик. Сите што баравте да ви дадам фотографија или телефон од него, знајте дека нема шанси – задоволството е само мое!
Искрено ваш Петар Георгиевски – Камиказа
Слики од предизвикувачот Камиказа, а Здраве Бокица слободно нека стави своја слика у коментар за да може да испечатиме плакати и рекламен материјал за билборд.