Ромео од Швајцарија дојде кај Калиопи дома да си прослави роденден, поранешните партнери во романтична атмосфера (ФОТО)

0

Калиопи Букле во последно време е повеќе активна на сцената во поранешна Југославија каде повторно полна да одржува успешни концерти. Таа редовно со своите фанови комуницира на социјалните мрежи.




Нашата музичка дива ретко дава интервјуа, а во едно постаро, за Фешнел има изјавено за својт стил и имиџ кој го негива со години:

-Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене , врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил, како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко ми, мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.




Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес.




Со тек на времето ги пронаоѓам луѓето на кои знам дека му припаѓа некое мое парче облека. Има една смешна ситуација уште кога имав повеќе килограми од сега, имав купено едни панталони во Загреб, кои не можев да ги навлечам дури ни до колено ама многу ми се допаѓаа.




Па така ги подарив на мојата сестра која тогаш беше послаба од мене. Јас бев лута на себе што не можев да ги гледам панталоните и кога ослабев таа не ги облекла воопшто и ме израдува кога дојде и ми ги донесе како подарок.

Кога ги облеков бев многу благодарна затоа што со тоа ми врати едно парче што многу ми значеше а ми ја врати и вербата дека освен мене верувала во тоа што сум јас.




Не можам да излезам од дома без моето среќно сребрено прстенче кое што го носам на малиот прст. Сакам убави ремени, и овој што го носам денес е еден од моите среќни талисмани со кои некогаш можеби претерувам и не можам да ги исфрлам од себе.




Не сум жена која обожува накит во вид на дијаманти и скапоцени работи затоа што сметам дека убавината на жената може да се закити со многу едноставен но оригинален аксесоар кој што може да биде и обична бижутерија ама кога ќе ја носите толку самоуверено и точно може да изгледа прескапо па дури и поскапо од еден дијамант“, изјави Калиопи.




Таа беше долги години во брак со Ромео Грил, композиторот на повеќето од нејзините песни. Откако се раздлија тие продолжија да сорабтоуваат и да се дружат. Сега, поради пандемијава послабо се гледаа поради тоа што Грил живее во Швајцарија.




Но, токму во убаво средениот стан на Калиопи во Скопје, тој реши да дојде и во романтика да го прослави својот роденден, додека свиреше на пијано и тоа песна од Калиопи.




-Кога маестро свири и пее своја песна на моето пијано … Среќен роденден на најдобриот татко и творец на големи песни! Долг и среќен живот, Ромео!“, напиша Калиопи на Фејсбук.

Претходна статијаЕве што прави бившата на Лозано, Савка Грачанин, повторно е вљубена (ФОТО)
Следна статијаЗорица Брунцлик прозборе што мисли за бившата жена на Кемиш