И покрај болеста, Тоде Новачевски добро се држи во Австралија, еве што го крепи (ФОТО)

0

-Музиката во моето семејство има посебно место од моја најмала возраст. Најпрво преку песните и гајдата на мојот татко Владе и кларинетот на неговиот најмал брат Петре, па се до хармониката, со која како самоук ги свирев и пеев моите први омилени песни и ора.




Ова го изјави познатиот композитот Тоде Новачевски, кој напиша многу хитови, особено оние на Маријана и Росана, „Ако не исчезнам“, „Стој“, „Едно срце“, „Признавам“.




-За мојот развој како музичар голем придонес имаат професорите од музичкото образование, најпрво од Битола, а потоа и од Скопје, каде дипломирав на Факултетот за музичка уметност на два отсеци – Наставно теоретски и Композиција.




Иако без никакви претензии, моето средно и високо образование (на мое изненадување) ги завршив со највисокиот просек во генерацијата, од која произлегоа голем број квалитетни музичари и педагози“, рече Новачевски во интервју за списанието Лоза.




– После дипломирањето, за жал на моите родители, останав да работам во МБУЦ во Скопје, каде предавав главни предмети на генерации на кои беше задоволство да се предава.




Моите први излети во забавната и народната музика беа одраз и на околностите во мојот приватен живот, па затоа не случајно првите композиции ми беа поврзани со неколку личности без кои најверојатно ќе останев композитор само на посериозна музика.




Тие личности беа – Кокан Димушевски од “Леб и Сол”, Славе Димитров и најмногу сестрите Маријана и Росана.

Се испостави дека од соработката со нив, во периодот од 1987 до 1992 година и заминувањето во Австралија, произлегоа композициите и песните за кои со Маријана и Росана добивме најмногу признанија, награди и внимание. “Едно срце имам”,




“Ако не исчезнам”, “Свири ми брате цигане”, “Љубов”, “Око мое”… и многу други мои песни излегоа токму во периодот кој мене лично ми остана како најубав и најплоден во животот.

Тоде кој е во одлични односи со својката поранешна сопруга е татко на две деца, а сега и дедо на Ива којаму е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.




Тој даде интервју за svet-australia.com, и таму откри дека последниве години се бори со тешка бол-ест и раскажа за неговата борба да ја поб еди.

Авторот на интервјуто вели дека Тоде му ја покажал “птицата” што ја добил на подарок од болницата “Аустин” од од одделот на славната Оливиа Њутон – Џон, кој се грижи за пациенти заболени од кан -цер.




во овој тежок период на животот, кога со моето нарушено здравје стигнав и до тоа да не знам дали утрешниот ден ќе ми е последен, да сум сепак позитивен, ведар, спокоен, мотивиран и со желба за живот како никогаш досега во последните две децении“, изјавил композиторот кој е поранепен сопруг на Маријана Новачевска.

Тој и појарј болеста позитивно гледа на нештата и прослави роденден поради кој доби многу честитки на Фејсбук. На своите пријатели,тој им е заблагодари со песна од Шведската рок група The Knockouts. Музиката, но и семејството го крепат Новачевски да биде ведар и позитивен.

Претходна статијаИма 66 години и ужива како на меден месец, овој пејач не старее
Следна статијаСрцето ми скокна како осигурач, едвај се спасив, тоа беше знак: Познатиот музичар си ја отвори душата