Горан Кукиќ раскажа каде се преселил Горан Алачки, а раскажа и приказна за синот Иван

0

-Пред три дена се вративме од Белград, бевме таму 15 дена со Ленче и со Иван. Иван имаше и некои настани со Влатко Стефановски“, рече познатито музичар Горан Кукиќ.




Тој гостуваше во емисијата „Магазин“ на Тв Сител и таму раскажа повеќе интересни непта за себе, за жена му, за синот но и за неговиот пријател Горан Алачки.

– Иван Имаше настапи со Влатко и низ Србија и низ Хрватска. А Ленче, во септември спрема нов материјал за Гранд продукција. Тој проект „Никогаш не е доцна“ е за мене многу битен. Најпрво се мислев дали да прифатам да учествувам.




Додека разговарав со нив на телефон се мислев дали да прифатам. И кога им реков на моите, тие ми рекоа: Зошто си профатил, па тебе те знаат, ќе одиш сега да се натпреваруваш“, додаде Кукиќ.

– Мојот живот е музика, и било каде е предизвик да одам и да видам. Ако има некој подобарк, секоја чест. Никогаш никој да не се двоуми.




Тоа е поголема реклама, ете од тој асект, ние имаме една мала турнеја низ Војводина“, рече Кукиќ и исто така додаде дека секаде, него и сопругата Ленче убаво ги прифатиле.




Саша Поповиќ пак бил иницијатор Ленче да се пријави на шоуто Никад није касно. Таа била во една жири комисија со Саша Поповиќ. „Саша ја наговарал. Таа се двоумела, вика: Нема смисла, сопругот беше, а сега и јас, не оди…“




Но, Поповиќ ја убедил. Горан потоа раскажа дека тој и Ленче настапуваат заедно до 1995 година и нивно дело е уводната шпица од емисијата „Шарам барам.“ Тој потоа додаде дека ги слушал Елвис Присли и Битлси како млад, а пеел и забавна музика.




Потоа, тој зборуваше за синот Иван, и за тоа како попчнал да се занимава и тој со музика. „Никогаш не вршевме притисок на Иван. Ниту што сака, нашите желби се едно, неговите желби се друго.

На пример јас и Ленче сакавме да остане да свити пијано, но неговата желба беше басот, и тука не можевме ништо. Иако осум години беше прекрасен пијанист. Кога дојде ред за срдено улилиште тој рече:  Сакам контрабас, сакам контрабас…




И бевме на едно снимање со Зоки Џорлев, и јас му велам: Малиов сака контрабас, јас упорно сакав да остане на пиано. Вели: добар му е изборот. Се бараат добри контрабасисти. Немој да го предомислугаш. И така го оставивме да тера по свое. И ете сега е со Влатко Стефановски во триото“, рече Кукиќ.




Потоа зборуваше за тоа со кои коелги се дружи. „Со Горан Алачки, со имењакот сме речиси нераздвојни.

И тој се пресели сега во Владимирово, така да релацијата сета ни е мнигу поблиска“, рече Кукиќ за својот другар кој се преселил на село и за синот додаде:




– Свирев едно струмичко ото, ои Иван како мал кога го слушна рече: Е, јас тоа ќе го учам. Ајде бе велам, ти ќе учиш бас гитара, немој бе сине. Го совлада, го научи. Ама ете денес е, еден од подобрите бас солисти, да кажам.

Претходна статијаПеро Камиказа има само една работа по која жали во животот и ја нарекува тажна
Следна статијаЕлена Ристеска: Убавец мој, се’ е менливо во мојот живот само ти си константа