Благоца Павловска,легендата на народната музика, во едно интервју зборуваше за почетовите не нејзината кариера, која е секаоо успешна и со многу, многу хитови. Интервјуто го даде за aleksandrovaastrologija.wordpress.com
-Со оваа професија се занимавам минативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста. Прв пат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа и т.н.
Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш. Кога сакав да почнам кариера надвор од нашиве простори се случи да се вратам од Босна, Сараево бидејќи тогаш почна вој-ната.
Во два наврати спремав материјали и никако да ми тргнеше тоа да го завршам. Но ништо не е случајно. Отпочнав со тоа што сакав мојот квалитет и мојот глас да го ставам на носач на звук за да го одбележам она што го правев со години, затоа што бев доволно извежбана и доволно веќе научив во однос на пеењето.
Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи. Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели. Од старт наидов на тоа.
Она што знам за себе е дека сум секогаш пријателски настроена кон сите, пред се со љубов го работам она што го работам и што пеам и она што ќе го одберам како песна, значи сакам секогаш да биде во позитивна смисла за да можам да побудам кај оние што ме гледаат и слушаат позитивна мисла и позитивен ефект од сето тоа а не да биде за да некој ме гледа лошо или мисли така како што мисли.
Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа незнаев и не ја осознавав вистината. Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.
Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес, мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.
Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види. Оној што сака да ти наштети може да ти наш-тети и на поинаков начин.
Со самото пеење јас сум во друга димензија. Тоа е на едно повисоко ниво. Високите битија кои ме водат во мојот живот за да го остварам она што треба да го остварам и е по Божја промисла.
Мене Бог ми ги отворил вратите а јас треба да креирам зашто ние луѓето на Земјата креираме, имаме ум, тело, раце, нозе, не да креираме во негативна смисла туку во позитивна смисла на креацијата.
Така и јас креирам преку песната со добро избраниот текст, дали ќе биде љубовна, родољубива, патриотска, сите тие текстови треба да се прифатат правилно значи кога правилно би размислувале и по Божја промисла, како што Бог сака.
Бог вика : и кон непријателот нема да викаш непријател, значи мораш да го прифатиш таков каков што е но нема да му возвраќаш со лошо туку ќе му возвраќаш со добро. Само со добро може да се побие зл ото.
Во мојата кариера постигнав од старт успех со тоа што можеби не таму каде што требаше да бидам наградена како појава и како иновација, како визу
елен настап и како гласовен и мисловен. Значи мислата што сум ја пренела и текстот што треба да се испее треба да се донесе во една целина. Сите три нешта заедно.
Во истото интервју, таа го прокометира и својот брак со Сашо со кој се венча во Италија, но на крајот неславно заврши поради наводно неве-рство од негова страна.
-Доаѓам и јас до покајание. Влегов во брак и ги преземав сите гревови од партнерот. Ако ги има ги преземав на своја одговорност а штом ги превземав и ги потпишав исто како јас да сум ги направила. Дојдов во таква ситуација да се борам со истиот човек.“, изјави Благица.
Таа на Фејсбук често споделува објави за помош на животните, а на сликите кои ја гледаме од настапи е тип-топ дотерана. Сега, Благица е сликана во малку поинакво издание, спортско.
Во кратки тексас панталони, и без шминка, Багица се сликаше со нејзини блиски, ученици, кои се со сведителствата во раце, а таа им посака успешна школска година.