Ќерката на Мелита Ракичевиќ, Барбара: Мајка ми ми ги откри сите ТВ тајни

0

Барбара Ракичевич, черката на Мелита Ракичевиќ е позната водителка, но таа има и талент за музика. Барбара до неодамна беше дел од естрадниот магазин „Бекстејџ“, беше водителка со Миро Кацаров, а сега целосно ѝ е посветена на музиката – се разбира, кога не е на училиште.




Досега има две авторски песни – „Посилно од сè“, песна позади која како автор се потпишува Андријана Јаневска, и „Доволно зрел“, чиј композитор е Александар Тарабунов.

Шеснесетгодишната Барбара, која не само што убаво изгледа, туку навистина прекрасно пее. Таа претходно споделуваше свои домашни видеа од изведби на разни музички нумери, а сега конечно ја испеа својата прва песна, која е компетно авторско дело на познатата македонска пејачка Андријана Јаневска.




Андријана која воедно ѝ била и ментор по пеење на Барбара, гордо ја објави веста на социјалните мрежи: фалејќи ја – Слушнете како пее мојата ученичка Барбара Ракичевиќ.

Кога се договаравме да ѝ напишам песна, стиховите и мелодијата сами излегуваа. Се гордеам со неа!




Емотивна, музикална, паметна и најубава – напиша Андријана и во коментар под видеото ја пофали својата ученичка дека пее подобро од некои луѓе кои со години се занимаваат со музика“, објави Слободен печат.

Искрена, ведра, позитивна, доволно зрела – како што вели и во нејзината песна, и многу самоуверена, Ракичевиќ е лицето за кое нашиот регион допрва ќе слуша. Без размислување признава дека на македонската музичка сцена ѝ недостасува публика пред сè“, објави точка за Барбара, а таа изјави за себе си:




-Добра, расположена секогаш, со добри намети, средена. Прилично рано почнав како водителка, но супер вовгавном, тоа е едно супер искуство, ме научи на тимска работа, на компромис, на тимска работа која што понатаму ќе ми треба сигурно.




Јас сум уште средно, сабајле си одам во школо, со тоа си завршувам, одам кај Дадар, се шминкам, се средувам, си зимам гардероба, стигаме во телевиозија, таму е се спремно, не чекаат, и гледаме да завршиме и да биде се најдобро.




Потоа ја прашаа колку совети добива од својата мајка, а Барбата одговори: Секојдневно по милион, да бидам искрена. Но, воглавно да бидам своја, секогаш да се трудам да бидам подобра.




Многу ме има научебно,посебно за пред екран, за на телевизија, и оптшо за животот секој ден, дека треба да бидам културна секогаш, да бидам добра со сите, да имам разбирање, има многу.

Многу ми помогна мајка ми за на ТВ, знаев колку- толку во што влегувам, дека тпј свет не е некоја шега или глупост, така што ми беше јасно колку е саат, тоа ми беше една лекција која ја знам од мала, затоа што живеам со неа и гледам што се случува.




Но, во секој случај, многу ми помогна тоа што е сепак едно поранешно ТВ лице“, рече Барбара за својата мајка Мелита.

Барбара сега е трета година во Гимназијата „Јосип Броз“, а за тоа како изгледа сега објави стилистот Дадар на својот Фејсбук профил. Тој шерна слики од Барби, тазе нашминкана и напиша:




Да ни започне убаво работната недела како и оваа наша убавица, Барбара Ракичевиќ.

Претходна статијаВера Мештеровиќ рано по сабајле им порача на душебрижниците кои ја критикуваат дека не ја бива за водителка : Секој може да почне сега
Следна статијаАпасиев за првпат прозборе за приватниот живот: Моте останаа стечајци, не си бев на својата матурска