Апасиев за првпат прозборе за приватниот живот: Моте останаа стечајци, не си бев на својата матурска

Димитар Апасиев, беше гостин во емисијата Магазин на Сител, и откри зошто тој всушност за првпат гостува во ваков тип на емисија, од забавен карактер.




-Ваков тип на емисии ми се „ту мач“ сеирџиски за мојот карактер. Ама кога си јавна личност веќе немаш ништо приватно. Досега сум ги избегнувал, веројатно и во иднина ќе ги избегнувам.

Меѓутоа, ми го обаснивте концептот и прифатив, она чисто да позборуваме за мојот приватен живот, што досега не сум зборувал јавно. И мислам народот го копка тоа…




И бидејќи мојот животен концепт е неоговарање, мој живот моја приказна, твој живот, твоја приказна. Ти си имаш животен стил и си го фураш. И никој не смее да ти се меша бидејќи тоа е твоја приватна ствар.

И оттука има секакви, те судат, те кудат и од тие причини. Инаку вака, немам што да кријам“, рече Апасиев и зборуваше за своето детство во тогашниот Титов Велес, во кој е роден во 1983 година.




-Роден сум во септември, девица сум во хороскоп, девица спрема вага. Не верувам многу во хороскоп, меѓутоа сите што ме познаваат викаат дека имам педантериски манири, типични за девица, цепи-длачење и слично во табиетот.




Инаку спомените од Велес ми се убави. Јас живеев таму 20 и кусур години константно, додека се запишав на студии. Јас во Велес живеев блиску до автобуската станица и патував до Скопје често со автобус“, рече Апасиев и се сети со кои спортови се занимавал.




-Антиспортсита сум реално, иако сум играл фудбал, сум одел на гимнастика, на боречки вештини, сега не спортувам многу, утакмици такви работи појма немам да ти кажам, гледам само нашиве кога играат. Ливче у кладилница не знам како изгледа.




Анти-спортски тип сум така, у младоста не сум спортувал, сум бил извидник многу долго време, дест години и повеќе. Сме шетале со извидници низ цела Југославија и многу убави спомени имам од тоа време“, рече Апасиев.




Потоа за неговиот роден град изјави дека Велес во транизицијата од голем град станал град на ду -хови, пропаднале сите големи фабрики.

„По илјадници луѓе работеа, моите останаа стечајци, па јас на судии, па немаат пари да ти дадат да живееш.. Има и такви моменти, ама генерално, младите години ги памтиш по убави нешта. “




Апасиев рече дека бил претседател на клас во средно, но неговата Гимназија важела за елитна, а тој бил секогап андерграунд. „Еве еден куриозитет, не си бев на матурската, не се сликав за табло.




Исто и на Правен факултет, ми дадоа некоја нарада таму не отидов да си ја земам. Тоа е лајфстајл, тоа е некој цинизам, што е добро и ме држи во политиката надвор од корупција.




Затоа шрто, во политиката те корумпираат со некои такви работи, балови, свечености, и ти мислиш дека си некој, елита, па ќе те викне претседател, па премиер, ствараш некои врски.

Е не, јас сум куќа-посао, партија, Собрание-дома, толку. Ме канат на сто места, не одам никаде скоро“, рече лидерот на Левица.




Тој изјави и дека го почитува Јосип Броз-Тито како лидер од дветски калибар и рече дека на нас ќе ни требаат уште 50 години да се вратиме на стандардот кој сме го имале во седумдесетите години.

Претходна статијаВера Мештеровиќ рано по сабајле им порача на душебрижниците кои ја критикуваат дека не ја бива за водителка : Секој може да почне сега
Следна статијаБракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца и нè, не е неверство само пpeљубaтa