Водителката Милена Антовска- Станковска неодамна објави дека е бремена и го очекува своето второ дете, и Милена е радосна што ќе имаат уште едно девојче.
Убавата водителка за „Слободен печат“ сподели детали за бременоста и за емоциите што ги проживуваат таа, нејзиниот сопруг Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија.
„За една недела треба да влезам во петтиот месец од бременоста, а бебето треба да се роди во јануари. Бременоста тече во најдобар ред, сѐ е како што треба, единствено малку ми е потешко затоа што сега немам толку енергија, а веројатно тоа се должи и на топлото време“, вели Милена за „Слободен печат“.
Таа неодамна сподели објава од д-р Митов која се однесува на здрав начин на живот.
– Чудно е како дојдовме во ситуација грижата за себе да ја осетиме како товар.
Вината за тоа лежи исклучиво во современиот начин на живот.
Пример, пред 100 години – немало потреба да се трудиме да се движиме повеќе. Просто, секој морал да се движи секој ден. Пред 100 години, немало потреба да се трудиме да не јадеме преобработена храна. Ја немало!
Немало потреба да се плашиме од зависност кон мобилни телефони, а децата се знае – во двор и на улица по цел ден! Но, овој товар е наш. Ние сме донесени во тешка ситуација, а посебно нашите деца.
Денес, ЗДРАВОТО Е ТЕШКО, а нездравото е лесно и достапно. Веувам дека ова е ПРВИОТ ЧЕКОР во грижата за себе: да сфатиме дека не сме криви и дека сме донесени како општество, како цивилизација во денешната состојба. После ова сфаќање, малку поинаку ќе гледаме на работите.
Ќе разбереме дека новиот начин на живот му е НАМЕТНАТ на човекот, а не својствен.
Нам ни е својствено да се движиме, а не да седиме. Нам ни својствено да јадеме што помалку обработена, претежно растителна храна. Нам ни е својствено да спиеме 8 часа.
Затоа, секој обид за промена на навиките, треба да почне со сфаќањето: ЈАС СЕ ВРАЌАМ КОН ТОА ШТО Е ЗДРАВО ЗА МОЕТО ТЕЛО И КОЕ МОЕТО ТЕЛО ГО САКА!“, се вели во објавата која Моилена ја сподели.
Водителката сега откри дека се плаши да се имунизира затоа што е во блажена состојба, но кажа и дека го прележала вирусот. Милена сподели објава во која вели:
-Прележаните не добиваат решение за изолација и можат да одат на работа, ама не смеат пола саат да влезат во трговски и да седнат еден саат на кафе. Не бе некој ни прави скриена камера!
Јас прележав и сега сум бремена. Да не зборувам дека имам и некои здравствени проблеми за кои се вели дека не е баш безбедно да се вакцинирам. Не сакам да експериментирам врз бебето што го носам.
Да не бев бремена најверојатно ќе бев вакцинирана иако имам клеточен имунитет, за кој сите доктори велат дека е поважен од оној што се добива од вакцините. Не сум антиваксер, напротив, сите вакцини сум ги примила, исто така и мојот сопруг и нашата ќерка.
Но, не може никој да ми каже сека е безбедно да се вакцинираат бремени жени и тоа да нагласуваат дека само со “Фајзер”. Има докази? Има ли некое дете што е веќе родено а додека било во стомакот на мајката таа се вакцинирала? НЕ.
Дали тие што сега буквално ме тераат да се вакцинирам, а јас се плашам заради здравјето на бебето што го носам, имаат сестри, сопруги итн што се бремени и се вакцинирале?
Нека ми кажат па може стравот ќе ми помине! Не ми е ни до кафани ми кафичи, нит па одам во молови секој ден, туку се чувствувам диск риминирано и исплашено. Да, исплашена сум затоа што може ќе ви текне утре дека нема да можам да влезам ни во маркет“, изјави Милена.