Која е најмоќната комбинација против болки во зглобовите? Зошто ви растат печурки?…се само дел од советите кој утре ќе ги споделиме со вас. А на кој теми ќе разговараме,што вкусно ќе зготвиме утре наутро се ќе ви откриеме. Почнуваме во 06:50часот. Бидете со нас,да го почнеме денот заедно, со утринската програма на @kanal5televizija . Гледајте не!
Вака убавата Вера Мештеровиќ на својот Фејсбук профил често знае да ги објави содржините на Утринската прогарма која ја води на ТВ Канал 5. Вера од пред неколку месеци е водителка на Утринската програма и ужива во оваа улога.
Поранешната Мис на Македонија и мајка на Јована Андреј и на во едно интервју за Женски магазин зборуваше вака:
-Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт. Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици.
Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите, да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото.
Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот.
Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот. Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам.
Впрочем јас сум дел од јавниот живот со проекти во кои сум ангажирама, професионални и други ангажмани, тоа е работа која јас ја работам и таа е темата на која разговарам“, рече Вера. Потоа, зборуваше за нејзиниот младолик изглед.
-Мислам дека се должи и на двете работи, на генетиката во моето семејство и од двете страни се младолики, а и се негувам. Но особено влијае мислам тој мој палав детски дух, во тело на жена, мајка, кој ми ја дава таа енергија, шарм, впечатливост и харизма.
Моите ритуали за нега се речиси како кај секоја жена. Имам козметика која ја употребувам, чистење на лицето, разни маски, разни третмани за лице.“ Таа во Фешнел се присет9о на своите почетоци како модел.
-Одамна беше тоа, 1994-1995 година. Мојата прва ревија беше во Македонскиот Народен Театар за стоковната куќа „Јукан“ каде тогаш имаше гардероба од повеќе брендови. Тогаш ги снимив и првите реклами за Алкалоид за странскиот и домашен пазар.
Се сеќавам, тешко ми беше да најдам високи потпетици бидејќи носам број на чевли 41. Мис на Македонија станав во 1996 година и бев првата мисица која официјално ја претставуваше Македонија на најстариот светски избор за убавина Miss World на кој бев секако доста забележана…
Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели… Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос“, додаде Вера.
Таа објави слики од своето работно место. Убава, дотерана, стокмена, Вера им посака на сите да им тргне недалата со арно, облечена во краток бел фустан, таа го покажа својот адут, нозете и доби многу комплименти.